Контакт

Наука

Обама: САД со приватни партнери ќе испраќаат луѓе на Марс до 2030-те

Објавено пред

Во партнерство со приватниот сектор САД ќе испраќаат луѓе на Марс во триесеттите години од веков, напиша американскиот претседател Барак Обама во есејот објавен во вторникот кој открива дека американската влада во вселенската програма го придодава комерцијалниот интерес.

dobivaj vesti na viber

„Одушевен сум што можам да објавам дека работиме со нашите комерцијални партнери на градење нови населби во коишто астронаутите може да живеат и можат а се превезуваат во долготрајните мисии во длабоката Вселена“, напиша американскиот претседател Барак Обама во есејот објавен на интернет страницата на телевизиската мрежа CNN.

„Тие мисии ќе нé научат како луѓето може да живеат далеку од Земјата, а тоа ќе нѝ биде потребно за долгиот пат на Марс“, пишува Обама.

Како што укажува во написот, задачата се состои да се „испраќаат луѓето на Марс во 2030-те години и безбедно да бидат враќани на Земјата, а крајната цел е – еден ден таму да останат долго време“.

Од почетокот на својот мандат Обама рече дека САД до 2030-те години ќе испратат луѓе на Црвената планета, која е во соседство на Земјата. За таа цел американската вселенска агенција NASA развива силна ракета наречена Space Launch System (SLS), како и капсулата „Orion“.

Првото лансирање на SLS без човечки екипаж е планиран за 2018 година, а испраќањето на луѓе во меѓуѕвездениот простор подалеку од Марс, но не и на Марс, е планирано за 2020-те години.

Според Обама, за исполнување на оваа цел потребна е континуирана заедничка работа на владата и приватните иновативни компании. Додава дека „ние веќе се движиме во таа насока“.

Појаснува дека во тек е развој е програмата за испраќање луѓе на долгорочни мисии во меѓуѕвездениот простор. Така, во текот на следните две години од страна на приватните компании се планира првото испраќање на астронаути на Меѓународната вселенска станица (ISS), наведува Обама, за што инаку засега се користат руските вселенски бродови.

Неодамна во Мексико, претприемачот и сопственик на компанијата „SpaceX“, Илон Макс, изјави дека следните години планира да испрати луѓе на Марс, меѓу другото, зборувајќи дека човештвото треба да се подготви за создавање колонии на другите планети за да го избегне исчезнувањето и да стане интергалактички вид.

Во неговите планови е изградба на „град“ од милион жители на Марс, и организација на „самоодржливи“ експедиции на Црвената планета со милиони „марсонаути“. Пресметките на Маск покажувале дека тоа патешествие би траело две години, а се надева дека билетот во еден правец би чинел од 100 до 200 илјади долари.

Неговата компанија „SpaceX“ веќе ги изведе првите тестови на ракетните мотори „Raptor“, кои се планира да се користат за мисиите на Марс од 2024 година.

Клучниот логистички проблем е доставувањето на храна и вода во космосот за исхрана на астронаутите во текот на месеците или години, колку што ќе траат мисиите во длабоката Вселена./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ6 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија9 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ9 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија9 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија9 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа11 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет13 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет13 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет13 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија23 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет24 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...