Контакт

Надворешна политика

Попоски-Штајнамер: Фер и демократски избори ќе ја стават ЕУ интеграцијата на Македонија во преден план

Објавено пред

Најзначајно е изборниот процес да биде со највисок квалитет и на тоа работиме посветено, бидејќи зависно од квалитетот на изборниот процес ќе се постави основа дали на база на претходните препораки на Еевропската комисија ќе може да се интензивира евроатланската интеграциска агенда на Македонија, беше заклучено на средба во четвртокот меѓу вицепремеирот и шеф на македонската диплоамтија и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот Попоски се сретна и со заменик претседателот на владата на Молдавија и министер за надворешни работи Андреј Галбур, претседателот на парламентарната група за Југоисточна Европа. Штефан Албани, претседателот на Комисијата на германското стопанство за источна Европа Михаел Хармс, како и со членовите на германскиот Бундестаг, Хајнц Визе, Јоханес Зеле, Јохан Вадефул, Александер Ној и Јосип Јуратовиќ. „По остварените средби добивме уверување дека и од Германија сите очи ќе бидат насочени кон следење на изборниот процес во Македонија. Добри сигнали се и фактот што и од овие средби, а и од ОДИХР има поддршка за спроведување на масовна и темелна мисија за набљудување на овој изборен процес во Македонија. Во меѓувреме, работиме на обезбедување на што поголем број набљудувачки мисии со што конечно ќе се завери фактот дека Македонија има целосен капацитет за спроведување на успешни, фер и демократски избори“, истакна Попоски од Германија. Посетата на Попоски на Германија беше на покана на Штајнмаер, во рамки на Конференцијата за толеранција и разновидност, во организација на германското претседавање со Организација за безбедост и соработка во Европа (ОБСЕ), која се одржа во четвртокот во германската престолнина Берлин. /крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 часа

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет3 часа

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања,...

Македонија3 часа

Пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати...

Свет4 часа

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, наводно му презентирал сеопфатен предлог за прекин на огнот на американскиот претставник Стив Виткоф, нудејќи прекин...

Свет4 часа

Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth дека долгоочекуваната средба со неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе...

Свет15 часа

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е...

Македонија18 часа

Клиниките за Токсикологија, Неврологија и Кардиологија добија нови директори

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи. На Универзитетската клиника за токсикологија...

Свет19 часа

Објавено е што е подготвен Путин да направи

Русија и САД  се обидуваат да постигнат договор што би ја запрел војната во Украина и би ја потврдил руската...

Топ20 часа

Крадци украле акумулатори и нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за тешка кражба. За...

Топ20 часа

Убиство во Штип: пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово. Од таму велат дека против С.З. (54)...

Македонија23 часа

Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните...

Македонија1 ден

Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден...

Македонија1 ден

Семејна заштеда и помал притисок за родителите: Дурмиши за поевтинувањето на училишниот прибор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовира новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците...

Македонија1 ден

Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025...

Македонија1 ден

Четири цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање...

Свет1 ден

Израел се подготвува за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање воена контрола над Газа, што претставува нова голема...

Свет1 ден

Либанската влада го поддржа американскиот план, луѓето на Хезболах ја напуштија седницата

Министерот за информации на Либан објави дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот...

Hitech1 ден

„Опен ВИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за...