Црна хроника
Оперирана прегазената девојка во центарот на Скопје
Девојката која во средата беше прегазена во центарот на Скопје со тешки повреди е пренесена во Ургентниот центар и извршен и е хируршки зафат.
Ова се најновите информации од СВР Скопје за сообраќајката што се случи на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Орце Николов“ во центарот на Скопје.Сообраќајката се случила во 22 часот кога автомобил „голф“, со којшто управувал триесет и двегодишниот Љ.С. од Скопје прегазил дваесет и тригодишна девојка А.Ќ. Девојката со тешки телесни повреди со возило на Брза помош била пренесена во Ургентниот центар каде и бил извршен хируршки зафат. СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата и ги утврдува причините за несреќата./крај/мф/ффс
Извор: Фото: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.