Црна хроника
Деветнаесетгодишник оргабен на автобуска постојка

Три непознати лица во саботата вечерта околу 21,40 часот нападнале 19-годишно момче додека чекало автобус на улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје и под закана со нож му ги одземале парите, но побегнале кога се спротиставило на барањето да им го даде часовникот .
Како што соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи, едно од групата лица прво го прашало момчето колку пари има, а откако од страв тој им ги дал сите 1.200 денари што ги носел, му се заканиле со нож барајќи му го и часовникот. Но момчето се спротивставило, по што напаѓаќите избегале од местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.