Скопје
Отворен Дневен центар за стари лица во Општина Илинден
Општина Илинден како дел од стратегијата за грижа за повозрасните категории на граѓани, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, во населено место Марино отвори Дневен центар за стари лица.
Центарот располага со простор опремен со мебел, бела техника, компјутер, интернет и телефонска линија, како и друга опрема која е во функција на овозможување на разни друштвени и социјални игри, каде што старите лица ќе можат да се дружат, да одбележуваат празници и родендени, да организираат разни работилници.
Центарот во употреба го предаде градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски заедно со членовите на Здружението на пензионери на Општина Илинден.
Центарот наменет за пензионирани или, стари лица кои што живеат во свои станови и домаќинства, но во текот на денот им е потребно организирано да го минуваат времето со врсниците со кои имаат заеднички интереси во поглед на дневните содржини и активности, ќе биде отворен секој ден. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Скопје
Дел од Карпош без струја
ЕВН Македонија АД и Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· Во период од 09:00 – 12:00ч дел од корисниците во с. Бардовци ( о.Карпош);
· Од 09:30-14:00ч корисниците од ул.Дрезденска (о.Карпош).
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.