Македонија
АХВ: Се истражува како пијалакот „Симба“ дошол до малолетни деца

Агенцијата за храна и ветеринарство е запознаена со инцидентот во кој три малолетни деца се хоспитализирани во Детската клиника во Скопје, но официјално, од епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје – Скопје, немале добиено информација за пријава за труење со храна и за хоспитализирани лица.
„Производот Симба кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени. Не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале“, се вели во соопштението од АХВ. Во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ ги предупредува институциите дека „не може веќе да се прикриваат зад општи соопштенија од Министерството за здравство без конкретни и обврзувачки мерки. Оваа неодговорност става во животна опасност илјадници граѓани и работници ширум државата“.
„Секој ден следиме како Министерството за здравство објавува препораки без рокови и обврски за нивно спроведување, додека Владата не излегува со ниту една одлука што ќе го гарантира правото на безбедна и здравствено прифатлива работа при температури од над 40°C. Ова фијаско мора да престане – не е доволно да се советува „пијте повеќе вода“ додека луѓето колабираат од топлотен удар.
Особено алармантна е судбината на работниците на отворено: градежните работници, земјоделците, лицата што работат на патарините, пазарџиите. Тие се оставени сами на себе без обврзувачки паузи, без обезбедена вода и без заштитна опрема. Ниту Трудовиот инспекторат нема јасни упатства, а инспекторите не смеат да казнуваат без конкретни законски рамки. Ова е срамота за правната држава“, велат од ДОМ.
„Не помалку загрижувачка е ситуацијата на вработените во просториите без клима или инфраструктурните објекти кои го „игнорираат“ топлото време: работниците во магацини, хигиеничарите, вработените во угостителските објекти. Тие работат во неиздржливи услови на загреани простории каде температурите често надминуваат 35°C, без никаков законски пропис што ја регулира должината на работното време или задолжена инсталација на вентилатори и тела за ладење.
Зелената партија ДОМ бара итно донесување на национален акциски план за заштита од топлотен стрес: задолжителни дневни прекини при температура над 30°C, обврзувачка инсталација на вентилатори или клима-уреди во јавни и деловни објекти без ладење, редовна дистрибуција на вода и „сенка“ на градилиштата, како и зајакната контрола и казнени мерки за непостапување по овие правила. Ако Владата не делува веднаш, ДОМ нема да остане мирен набљудувач, туку ќе бара одговорност на сите нивоа“, се наведува во сооптението на ДОМ.
Македонија
На Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути

Поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори. се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути, на другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.30 до 15.00 часот дел од корисниците на улицата Христо Татарчев, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите на улица Козле 2 и улица Козле, општина Карпош.