Македонија
Мијалков и осомничените во „Трезор“ на распит во суд
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е повикан на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“, како и другите осомничени во случајот закои се бара мерка за претпазливост.
Како што јави репортерот на Макфакс, во текот на денот во судот треба да се појават – поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, и за уште двајца осомничени во овој случај.Повикани се на распит кај судија на претходна постапка, за да се одлучи за барањата од Специјалното јавно обвинителства за одредување мерки за претпазливост.Претходно, судот го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство, на Горан Грујовски, шефот на Петтата управа да му се одреди притвор.Како што јавува нашиот репортер, околу судот има големо полициско обезбедување, исто како и минатиот пат, кога Мијалков беше на распит во судот, затоа што во ист ден се одвива и судењето за „Диво насеље“. На новинарите не им се дозволува да се приближат до службениот влез во судот за да фотографираат.Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Трезор“, кој се однесува на набавка на опрема за комуникации за потврдите на Упоравата за безбедност и контраразузнавање, за која постојат наводи дека е платена многу поскапо и дека преку неа се исцицале близу милион евра од Буџетот на Република Македонија непотребно.Поранешниот директор на УБК е осомничен и за случајот „Тортура“, каде се работи за начинот на апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

