Македонија
Прогноза од Славчо Поповски: Денеска повеќе облачност над македонското небо, доцна попладне и навечер локални врнежи
Во четвртокот, (3-ти ноември 2016-та) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Повеќе облачност ќе има во западните предели.
Доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон петок, ќе има локални врнежи од дожд особено во западните и во северните предели. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец особено во пелагониската котлина.
Напомена: Со оглед на тоа дека денес навечер како и во текот на ноќта кон петок се очекуваат локализирани врнежи од дожд, врнежите на некои места ќе изостанат, односно нема да се појават.
Поради продор на малку постуден воздух од север во текот на ноќта кон петок особено долж повардарието ќе започне да дува северен ветер кој ќе услови пад на температурите. На високите планински места (над 2000 метри) не се исклучува можноста за слаби врнежи од снег.
Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 12 до 20 Целзиусови степени./крај/мф/сп
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

