Европа
Во железничката несреќа во Италија, најмалку 25 мртви

– (Foto: Luca Turi, ANSA)
Најмалку 25 лица загинаа, меѓу кои е и еден од двајцата машиновозачи, а повеќе десетици се повредени во директниот судир меѓу во вторникот во регионот Апулија, во една од најтешките железнички несреќи во Италија, соопштија властите во вторникот вечерта, пренесува агенцијата Ansa.
Најмалку 25 лица загинаа, меѓу кои е и еден од двајцата машиновозачи, а повеќе десетици се повредени во директниот судир меѓу во вторникот во регионот Апулија, во една од најтешките железнички несреќи во Италија, соопштија властите во вторникот вечерта, пренесува агенцијата Ansa.
Претходно за телевизијата SkyTG24, началникот на полицијата на железницата на овој регион на југоистокот од Италија, Џанкарло Контикио изјави дека во останките од уништените вагони се пронајдени 22 тела, и оти се повредени околу 50 луѓе, од кои три или четири лица се во критична состојба.
Двата патнички воза директно се судриле меѓу местата Корато и Андрија во близина на градот Бари, административен центар на Апулија на делот од еднонасочниот колосек.
Италијанскиот министер за транспорт Грацијано Делрио, кој пристигна на местото на несреќата, одби да даде податоци за несреќата и само рече дека станува збор за силен судир на два воза. Најави покренување на истрага за трагедијата. Локалниот обвинител изјави дека е рано да се шпекулира за причините, но дека најверојатно станува збор за човечка грешка.
Во операцијата на спасување се вклучени десетици амбулантни возила, неколку противпожарни бригади, како и хеликоптери на службата за цивилна заштита. Евакуирањето на жртвите е комплицирано, имајќи предвид дека несреќата се случила во оддалечена рурална област. Спасителите поставија полска болница во близина на несреќата, за да им се помогне на големиот број повредени.
Премиерот Матео Ренци ја прекина својата посета на Милано, се врати во Рим и се упатил кон местото на судирот и неговото пристигнување се очекуваше во раните вечерни часови.
Спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат патниците од смачканите и превртени вагони. Властите објавија повик за донирање крв нарекувајќи ја ситуацијата „драматична“. Меѓу спасените е и едно дете кое со хеликоптер е пренесено во болница
Некои од вагоните се многу оштетени, изјави за телевизијата RAI, началникот на локалната полиција Рокардо Цингаро, и рече оти стравува дека бројот на мртвите може да расте.
Засега не е јасно што можело да доведе до судирот, кој се случил по убаво време околу 11,30 часот по локално време.
Италијанските медиуми наведуваат дека еден од возовите доаѓал од правец на Андрија, а другиот од правецот на Корато, како и дека двата воза се движеле со голема брзина. Двете композиции имале по четири вагони, а снимките од местото на инцидентот ги покажуваат расфрланите остатоци на големо подрачје. Некои од вагоните се толку оштетени што од нив останале само парчиња метал.
На овој железнички правец со кој оперира компанијата „Ferrotramviaria“, се превезуваат по илјадници луѓе дневно со околу 200 возови. Во тек се работи за поставување на двонасочна пруга.
Најголемата железничка несреќа во Италија последните години се одигра во 2009 година на станицата во Вијареџо, кога експлодира товарен вагон со течен гас, при што загинаа 32 луѓе. Во 2010 година, девет лица загинаа, а 28 беа повредени кога воз излета од шините во северна Италија, во Болцано. Причина за оваа несреќа беше лизгање на земјиштето кое ја оштетило пругата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин