Црна хроника
Старец се задушил во бања во пожар во Матејче
Старец се задушил во бања во пожар што избувнал во неговата куќа во кумановското село Матејче.
Пожарот избувнал од непознати причини во понеделникот во 19.30 часот, а огнот зафатил две соби. Во бањата бил најден починат седумдесет и петгодишниот Ш.М., а лекар на Итна медицинска помош констатирал дека старецот се задушил.Во Куманово се случил уште еден пожар, вечерта во неделата спроти понеделникот кога изгорела летна бавча во кафе бар на булеварот „3-та Македонска бригада“.Во понеделникот изгорел и уште еден објект од тврда градба во близина на градските гробишта во Пехчево. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово, но и покрај тоа објектот целосно изгорел. Во пожарот нема повредени лица, а во објектот престојувале двајца сопружници. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

