Македонија
Царовска: Македонија е социјална држава и треба да се грижи за сите граѓани
Нашата држава, е по Устав социјална, и таа ќе се грижи за сите граѓани, рече во четврток Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
„Освен што ќе воведеме програма за извлекување од сиромаштија или секое домаќинство кое што живее во сиромаштија и кое што нема друг приход ќе добие 12.000 денари. Дополнително, воведуваме услуги за социјална заштита, којшто ќе бидат заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај овие граѓани“, најави Царовска.Таа уште додаде дека семеен социјален работник близок до граѓаните ќе работи на превенција и интервенција, директно во семејниот систем кај оваа група на граѓани.„Заедно пак со општините, со бизнис секторот и со граѓанскиот сектор ќе отвориме локални социјални услуги за превенција, заштита и поддршка на граѓаните којшто живеат во сиромаштија или социјален ризик. Тука ќе ги опфатиме центрите за лица со попреченост, центрите за заштита од родово базирано насилство, центри за поддршка на самохрани мајки кои имаат потреба од поддршка во развој на сопствените деца“, рече Царовска.Според неа, ќе биде направен систем којшто ќе ја намали зависноста на граѓаните од волјата на поединци во државните институции. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

