Контакт

Книги

Седум децении од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија

Објавено пред

По повод 70 години од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија  – стихозбирката „Песни“ од Ацо Шопов, во среда, 08-ми октомври, Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе го промовира повеќејазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“.

dobivaj vesti na viber

Промоцијата на интернетскиот портал на кој голем дел од творештвото на Шопов и критичките осврти за него се достапни и на француски, шпански и германски јазик ќе биде отворена со поздравна реч на Славица Велева, декан на Филолошкиот факултет. Слово за поетот и за порталот на кој е објавен и обемен, дигитализиран архивски материјал ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, по што содржините на порталот кој со оваа промоција, за првпат ќе биде претставен пред јавноста, поопстојно ќе бидат претставени од Јасмина Шопова, носител на проектот „Лирскиот дом на Ацо Шопов“, препејувач и ќерка на поетот. 

Иницијативата за овој интернетски портал, кој нуди панорама во зборови и слики на животот и делото на Ацо Шопов, обезбедени и преку личните архиви на неговата сопруга Светлана и на неговиот син Владимир (1948-2000), доаѓа од Ролан Кајзер  – директор на издавачката куќа „PHI“ од Луксамбург и од Јасмина Шопова. Токму издавачката куќа „PHI“ и технички го оформи и го одржува овој интернетски портал којшто воедно е и прв од ваков формат посветен на македонски автор – онаков каков што и заслужува еден од основоположниците на современата македонска книжевност и еден од најголемите поети на југоисточна Европа на XX столетие. 

„Појавата на овој интернетски портал е од големо значење за современата македонска култура, бидејќи овозможува на медиум на новото време, во дигитална форма, на едно место, обемен материјал од и за еден од авторите чиј творечки опус е вграден во естетската вертикала на современата македонска поезија да биде подостапен за сите почитувачи, но и за сите сегашни и идни проучувачи, толкувачи и препејувачи на неговото творештво“, велат од Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. 

Накратко, велат од таму, појавата на „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ претставува настан во нашата културна средина, особено за помладите генерации кои сакаат и стручно да се посветат на слоевитоста и комплексноста на Шоповата поетска мисла. 

Свеченоста ќе се одржи во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со почеток во 10 часот.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ19 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија21 час

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија22 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија22 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија23 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија23 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија23 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија23 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет2 дена

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа2 дена

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...