Црна хроника
Ученик се самоповредил со нож

Во неделата околу 21.40 часот во Битола, во Студенскиот дом „Кочо Рацин“, седумнаесетгодишник од Битола се самоповредил со нож.
Тој наводно скокнал со грбот на креветот, на којшто според негово кажување имало оставено нож, и се самоповредил. Откако се преслекол, забележал дека на грбот има повреда со обилно крварење. Веднаш потоа Д.Д. (24) од Охрид и Н.Д.(23) од Кавадарци, кои биле во собата, со такси возило го однеле во Клиничката болница во Битола. Од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.