Црна хроника
Украдени 10.000 евра, злато и пиштол
Во две одделни кражби одземени се повеќе од 10.000 евра, златен накит, телевизор, лап-топ, пиштол и друго.
Според полицијата, во првата кражба која се случила во саботата или во неделата во Битола од куќа во сопственост на В.Б. (64), кој се наоѓа во Австрија, биле украдени телевизор, лаптоп компјутер, златен накит и 9.500 евра. Кражбата ја пријавил соседот М.Б. (62), а полицијата утврдила дека кражбата ја извршил непознат сторител кој влегол преку прозорците.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.Во Прилеп пак, ноќта од неделата кон понеделникот, од 19.30 до 00.40 часот, на булеварот „Гоце Делчев“, непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на Б.И. (74). Сторителот притоа одзел 320 евра, 6.000 денари, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 7.65 мм и златен накит. Имено, непознатиот сторител насилно ја отворил влезната врата од куќата, извршил пребарување по собите, и откако ги одзел наведените предмети, побегнал во непознат правец. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.