Контакт

Црна хроника

Семејство во притвор оти изнајмувале проститутки за 3.000 денари во Охрид

Објавено пред

Татко, син, снаа, и нивни помагачи од Охрид и од Велес се во притвор следните 30 дена, затоа што вршеле посредување при проституција, но и за криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

dobivaj vesti na viber

Имено, обвинителството поднесе кривична пријава против Р.А.(1954), поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“ и „посредување во вршење проституција“, Ф.А.(1990), Д.А.(1961), Б.Н.(1954), З.Д.(1956) сите од Охрид, потоа О.Ч.(1996) и М.А.(1996), двајцата од Велес поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, додека Ф.А., Б.Н. и З.Д. се пријавени и за кривичното дело „посредување во вршење проституција“.Имено,првопријавениот во својство на организатор создал криминална група во која членови се Ф.А. (негов син), Д.А. (негова сопруга), Б.Н., З.Д., О.Ч. и М.А. која имала за цел вршење на експлоатација по пат на проституција на женски лица-жртви на трговија со луѓе во временски период од јуни до октомври 2016 година. Истите за износ од 3.000 денари од услуга им овозможувале на лица клиенти, користење на сексуални услуги во угостителски објект „Филип Астор“ во Охрид. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела секојдневно во временски период од 21 до 5 часот во просториите на самиот угостителски објект, а по барање на лицата-клиенти, женските лица на други локации и објекти се превезувале или со такси возило или, пак, со возила во сопственост на самите клиенти. Исто така забележани се и случаи кога биле превезувани и со возила од страна на припадниците на криминалната група.     Имено, првопријавениот ги прифаќал, сместувал, превезувал, контролирал, организирал и овозможувал експлоатација по пат на проституција во УО „Филип-Астор“ во Охрид, потоа им давал инструкции  на припадниците на  криминалната група при организирање и овозможување на лица-клиенти користење на сексуални услуги. Исто така го наплатувал и однапред договорениот износ на парични средства од клиентите. Потоа второпријавениот син на организаторот вршел експлоатација по пат на проституција на женските лица,  на начин што организирал  и овозможувал  на клиентите користење на сексуална услуга во просториите на  УО „Филип-Астор“, водел контрола и евиденција на бројот на клиенти кои користеле сексуална услуга и вршел наплата на парични средства од сексуалните услуги. Пријавените Д.А., Б.Н. и З.Д. имале за задача да ги прифаќаат, превезуваат и контролираат жртвите на трговија со луѓе по дадени инструкции на Р.А.. Исто така пријавените овозможувале на клиентите да користат сексуални услуги. Истите во отсуство на организаторот и неговиот син вршеле и наплата на паричните средства од клиентите кои користеле сексуални услуги.  Пријавениот О.Ч., а потпомогнат од М.А. извршиле регрутирање на жртвата на трговија со луѓе и со употреба на сила, присилба и закани, искористувајќи ја нејзината состојбата на немоќ и ранливост, со психичко и физичко малтретирање, воспоставиле контрола над неа и ја предале на Р.А. заради експлоатација по пат на  проституција  во УО„Филип-Астор“ во Охрид.На 14/15.10.2016 година спроведена е акција со цел разбивање на криминалната група, пришто пријавените лица се лишени од слобода, а врз основа на издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Судија на претходна постапка од ОС Скопје 1 Скопје, извршени се претреси во четири објекти и тоа во домовите кај Р.А., З.Д., О.Ч. и во угостителскиот објект„Филип-Астор“ во Охрид. При извршените претреси пронајдени и со потврда за одземени предмети одземени се поголем износ на парични средства и тоа 13.350 евра и 3.519 американски долари, персонален компјутер, USB, потоа ловна пушка со девет патрони, 18 куршуми за сигнален пиштол, пиштол марка берета со пет куршуми, 10 телефонски апарати, шест уплатници и една исплатница и возило марка Мерцедес.    Од страна на Судија на претходна постапка на Р.А., Ф.А., Б.Н. и О.Ч. одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена, а пак на Д.А. и М.А. им е одредена мерка домашен притвор, додека З.Д. не е изведен пред Судија на претходна постапка поради влошување на неговата здравствена состојба./крај/со/бб    

Црна хроника

Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава

Објавено пред

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“

Објавено пред

Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.

dobivaj vesti na viber

По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија7 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија8 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија8 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија8 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет9 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет9 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет9 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет10 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија1 ден

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија1 ден

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...