Црна хроника
Загина 19-годишно момче на патот Охрид-Ресен

– фото ohridnews.com
Во тешка сообраќајна несреќа што во средата попладне се случила на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Крушје, смртно страдало 19- годишно момче.
Во тешка сообраќајна несреќа што во средата попладне се случила на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Крушје, смртно страдало 19- годишно момче.
Порталот „Ohridnews“, повикувајќи се на изјави на очевидци, пренесе дека несреќата се случила откако дошло до директен судар на две возила, „Југо“ со битолски регистарски таблички и „Пасат“ со ресенски таблички.
Глетката на местото на несреќата била страотна, а морале да интервенираат пожарникари за да ги извлечат луѓето од смачканите автомобили.
На местото на несреќата извршен е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата. крај/мф
Извор: ohridnews.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.