Црна хроника
Прегазен пешак на патот Пехчево – Делчево
Починал прегазен пешак, еден поминал со тешки повреди, а повреден е и тракторист во неколку соонбраќајки што се случиле во Македонија во понеделникот.
Имено, во понеделникот во 20.10 часот на регионалниот пат Пехчево-Делчево, на местото викано Манчово поле атар на село Тработивиште, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Тојота Корола“ со бугарска регистарска ознака управувано од П.И.(1971) од Делчево удрило во пешакот И.Н.(1972) од село Тработивиште, кој од здобиените повреди починал на лице место.
Смрт е констатирана од страна на доктор од итната медицинска помош. Увид на лице место извршиле основното јавно обвинителство и увидна екипа од СВР-Штип. Во 22.05 часот сообраќајот е нормализиран.
Истиот ден, во 13.40 часот во Виница на раскрсницата од ул.„Ангел Винички“ и ул.„Ванчо Китанов“ во близина на Виничка река, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.А.(1985) од Виница удрило во пешакот И.С.(1984) од Виница. Во незгодата со тешки повреди се здобила И.С. на која и била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Штип, по што била упатена во Ургентниот центар-Скопје. Увид на лице место извршила екипа од полицијата од Виница.
Во 19 часот пак, на регионалниот пат Кавадарци – Неготино кај местото викано Антената, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Форд Ескорт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.А. (1964) од Кавадарци и трактор „ИМТ 533“ со приколка, без регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(1996) од село Марена. Во незгодата со скршеница на карлица се здобил Љ.К., на истиот му е укажана лекарска помош во ЈЗУ-Неготино, по што бил препратен во болницата во Велес каде е задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од полицијата Неготино. Сообраќајот бил во прекин до 22.15 часот./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.

