Црна хроника
Одреден 30 дневен притвор за разбојниците што се обидоа да ограбат бензинска во Гостивар
Едномесечен притвор заработија четири лица осомничени дека се обиделе да ограбат бензинска пумпа на „Макпетрол“, лоцирана на улицата Илинденска во Гостивар.
ОЈО Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Гостивар и едно од Тетово.Осомничените се товарат дека со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападнат врз животот и телото на друг, се обиделе да ја ограбат бензинската пумпа на „Макпетрол”, лоцирана на ул. „Илинденска” во Гостивар.Во намерата да ја ограбат бензинската пумпа ги спречиле двајца вработени, од кои едниот заработил удари со пендрек во главата од осомничените.Основното јавно обвинителство – Гостивар против осомничените поднесе предлог за определување на мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го уважи предлогот и на сите четворица осомничени им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, сметано од денот на нивното лишување од слобода. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Млад прилепчанец влегол преку прозорец во куќа во Охрид за да краде, сопственичката била дома
Приведен е 25-годишен прилепчанец кој упаднал преку прозорец во куќа во Охрид и со закана со нож од сопственичката украл пари и злато.
„Во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис. Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети“, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пукна плинска боца приклучена со греалка – скопјанка со изгореници префрлена во болница
Плинска боца приклучена со греалка пукнала вчера во Скопје, пришто 45-годишна скопјанка се здобила со изгореници.
Од МВР информираа дека жената е префрлена во Градската општа болница Свети Наум Охридски.
Припадниците на полицијата стигнале на местото на настанот.
Црна хроника
Со возило излетале на патот кон Пробиштип, тешко повредена сопатничката
Вчера во 15.20 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неокази кон Пробиштип, патничко возило „форд“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(65) од Пробиштип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(66) од Пробиштип, констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.