Европа
Белгиската полиција пропуштила 13 можности за откривање на терористите од нападите во Париз
Белгиската полиција пропуштила 13 шанси пред масакрот од ланскиот 13-ти ноември во француската престолнина Париз во кој беа убиени 130 луѓе да ги открие сторителите, покажува тајниот извештај кој во саботата го објави фламанскиот дневен весник DeTijd.
Белгиската полиција пропуштила 13 шанси пред масакрот од ланскиот 13-ти ноември во француската престолнина Париз во кој беа убиени 130 луѓе да ги открие сторителите, покажува тајниот извештај кој во саботата го објави фламанскиот дневен весник DeTijd.
Од февруари 2015 година белгиската полиција ги следела телефонските разговори на лицата обвинети за тероризам со Салах Абделсам, единствениот сé уште живи терористи кои учествуваа во парискиот масакр, според извештајот.
Од тие 13 припуштени можности, шест се резултат на недоволниот персонал. Белгиската полиција, исто таа, ги игнорирала барањата на шпанските власти за постариот брат на Салах Абделсам, Брахим Абдеслам, по неговото патување во Шпанија во март 2015 година. Осум месеци подоцна Брахим Абдеслам се разнесе во Париз во текот на изведувањето на синхронизираните напади на 13-ти ноември на неколку локации во француската полиција. Белгискиот одговор следел дури по атентатот.
И информациите за бомбашот самоубиец Билал Хадфи не се искористени во текот на шест месеци поради недостиг од персонал. Државното обвинителство долго ги чувало тајните информации за нападите во западна Европа под подство на Абделхамид Абаауд.
Овој извештај на „Комитетот П“’, полиција над полицајците, ги наведува пропустите во истрагата водена во Белгија за сторителите на париските атентати и треба да биде предадено на специјалната комисија на белгискиот парламент.
И кон крајот на март годинава белгискиот министер за внатрешни работи Јохан Јан Јамбон за терористичките напади во Брисел вината ја префрли врз полициската небрежност како причина што не било влезен во трага на милитантот на Исламската држава, Ибрахим Бакрави, кого минатата година го протерала Турција. Јамбон понуди оставката поради овој случај, тврдејќи дека тој ја презема целата политичка одговорност.
Белгиските власти тогаш се соочија со непријатности откако Турција во средата објави дека го претерала Ибрахим Ел Бакрави назад во Европа минатиот јули, предупредувајќи дека е милитант. Ибрахим Ел Бакрави е еден од бомбашите кои се разнесоа во нападите во вторникот, разнесувајќи се на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем.
Белгиските и холандските власти во 2015 година биле известени за сомневањата на турските служби дека тој е странски џихадистички борец кој настојува да ѝ се приклучи на Исламската држава во Сирија. Во тоа време белгиските власти одговориле дека Бакрави, кој во 2010 година бил осуден на девет години затвор поради тоа што пукал на полицаец по грабеж, е криминалец, но не и милитнат, и од Турција побарале повеќе информации.
Бакрави бил условно пуштен од затвор во 2014 година, меѓутоа успеал да побегне од Белгија.
Јамбон изјави дека Бакрави е фатен во Турција крај сириската граница на 11-ти јуни 2015 година. Турција тогаш ја известила белгиската амбасада дека ќе биде ставен во авион за Амстердам, на 14-ти јули 2015 година, каде што не бил уапсен бидејќи холандската полицијата не добила никакви упатства од своите белгиски колеги.
Белгискиот офицер за врски во амбасадата во Анкара само ѝ рекол на полицијата во Белгија шест дена подоцна, ланскиот 20-ти јул, дека Бакрави бил притворен во Турција под сомневање за тероризам. Овој офицер за врски побарал од турските власти дополнителни информации, а за тоа својата земја ја известил дури шест месеци подоцна, на 11-ти јануари годинава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

