Европа
Осум осомничени за смртта на 71 имигрант во камион во Австрија
Унгарската полиција објави во средата дека ја завршила истрагата за смртта на 71 имигрант чиишто тела беа откриени во камион ладилник во Австрија во август 2015 година, а за осумте осомничени започнува процес.
Унгарската полиција објави во средата дека ја завршила истрагата за смртта на 71 имигрант чиишто тела беа откриени во камион ладилник во Австрија во август 2015 година, а за осумте осомничени започнува процес.
„Ги завршивме испитувањата, полицијата ќе му препорача на државното обвинителство подигнување обвинение против осум осомничени кои сите се во затвор“, изјави шефот на Државното биро за илегални имиграции Золтан Борош на прес-конференција во Будимпешта.
На 27-ми август 2015 година австриската полиција откри повеќе десетици тел на мажи , жени и деца кои се задушиле во затворениот дел од камионот ладилник оставен на автопатот во Парндорф, во близина на границата со Унгарија. Си истрагата беше утврдено дека станува збор за имигранти кои бегале од судирите во Сирија, Ирак и Авганистан. Биле преземени од криумчари во Унгарија, недалеку од границата со Србија.
Предметот есенва беше префрлен во Унгарија, а обдукциите потврдија дека сите умреле додека камионот уште се наоѓал на унгарската територија. Пет мажи, еден Авганистанец за кој се смета дека е шеф на мрежата и четворица државјани на Бугарија, меѓу кои и возачот на камионот, се уапсени во Унгарија кусо откако беше најден камионот.
Уште тројца Бугари се приведени задржани во затвор. Со истрагата е утврдено дека криумчарите со луѓе знаеле дека патниците умреле кога камионот биле донесен во Австрија, прецизира Борош.
Откривањето на камионот претставуваше шок за цела Европа и поттикна моментално затворање на границите за стотиците илјади имигранти. Телата на жртвите, 59 мажи, 8 жени и 4 деца, од кои едно бебе, сите освен едно можеле да се идентификуваат Повеќето тела се вратени на семејствата, а другите се закопани во австриската престолнина Виена.
Унгарските власти велат дека мрежата вмешана во оваа трагедија тоа го работи професионално и оти користи до 15 возила. Организираната криминална група остварила големи заработки со упатувања во периодот од февруари до август 2015 година на најмалку 1.106 лица од кои барала меѓу 1.000 и 1.500 евра за пренесување во Австрија, Тие пари потоа се испратени во Авганистан.
Авганистанецот сметан за шеф на мрежата влегол во Унгарија во 2013 година и имал статус на заштитено лице што е близок на статусот на бегалец. Му помагале сонародници кои се населиле во Србија, кои му ги испраќале имигрантите.
Австриската полиција открила пред една година дека мрежата не го променила начинот на дејствување и по трагедијата. Истиот ден кога е пронајден камионот, група од 81 имигрант кои ги превезувале на идентичен начин, ја избегнала смртта со кршење на врата од камионот ладилник во кој биле затворени.
Роберто Крепинко, шеф на единицата за борба против трговијата со имигранти во Европол, изјави дека камионот мртовечница го одразува трагично немилосрдното заработување на криминалните организации, без оглед на опасноста по животите на имигрантите,/крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

