Регион
Во Турција уапсен братот на Ѓулен
Турската полиција го притворила во неделата братот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД а кого го обвинува за неуспешниот воен удар од ноќта на 15-ти јули, пренесуваат медиумите.
Кутбетин Ѓулен полицијата по дојава го пронашла во домот на негов роднина во округот Газиемир, во западната турска покраина Измир, пренесе агенцијата Anadolu.
Тој е првиот роднина на Фетулах Ѓулен кој е уапсен по неуспешниот обид за пуч. Кутбетин е обвинет за „припадност на вооружена терористичка организација“, се наведува во агенцискиот извештај и се додава дека во моментов е на испрашување во антитерористичката полиција,.
Ѓулен има пет браќа, од кои двајца е починати, и две сестри, но не е познато каде тие се наоѓаат, пишуваат турските медиуми. Во јул властите го уапсија неговиот внук Мухамед Саит Ѓулен во источниот град Ерзурум, кој се смета за центар за приврзаниците на проповедникот и средиште на неговото движење Хизмет. Уште еден внук, Ахмет Рамиз Ѓулен, беше уапсен во август во југоисточниот град Газиантеп.
Од средината на јули поради поврзаност со пропаднатиот пуч, како и поради поврзаност со организациите на Ѓулен, во Турција се приведени повеќе од 32.000 луѓе. Турција од тогаш од САД бара негово екстрадирање, и изрази незадоволство поради бавноста на процедурата околу тој процес од страна на американските власти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.