Македонија
Спасов се појави во полициска станица Карпош
Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов пристигна вечерта во полициската станица Карпош, каде се очекува да даде исказ за синоќешните случувања, велат полициски извори за Радио Слободна Европа.
Тој своеволно вечерва дошол во полициската станица, откако синоќа според полицискиот записник удрил со службениот џип во два автомобила по што побегнал.
Полициската патрола синоќа го сопрела во скопската населба Тафталиџе, каде што откако излегол и им одговорил на полицајците дека тој управувал со возилото, побегнал.
Според полицискиот билтен, еден час по настанот, неговиот службен возач се пријавил да преземе одговорност тврдејќи дека тој управувал со џипот, но полицијата тврди дека при сопирањето на возилото не го затекнале внатре тоа лице, а дополнително неговата изјава не се совпаѓа ниту со таа на сопатничката која останала сама во возилото. Од полиција велат дека за сите кои во случајов го прекршиле законот ќе следува соодветна пријава./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.