Македонија
Уставен суд ќе одржи седница, но не за СЈО и за партиските иницијативи
– Уставниот суд закажа седница за в понеделник, а на дневен ред не е ниту Иницијативата за утврдување на уставноста за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), ниту Иницијативата на партијата Унитети за оценување на законитоста и уставноста на решението за распишување на предвремените избори, како ни Иницијативата на Народното движење за Македонија, со која се проблематизира тоа што парламентот не се распуштил на точно 60 дена пред датумот, туку на 55 дена.
На седницата закажана за в понеделник, според известувањето од Уставниот суд, објавено на интернет страницата на судот ќе се разгледуваат седум иницијативи поврзани со Правилник за спроведување на постапката за вработување, со стечајни и управни постапки, како и едно барање за заштита на права и еден предлог за одлучување.Од Уставниот суд за Макфакс велат дека Иницијативите на двете партии во однос на изборите се пристигнати кај нив и во моментот се оформуваат случаи согалсно Деловникот за работа, се бара мислење и се работи на нив, но кога и на која седница ќе се најдат на дневен ред не можат да кажат. „Тоа што изборите се закажани и се знае датумот на нивно одржување, за нас нема никакво значење за работата на судот. Нема никакви најави дека поажруно или побрзо би се ставиле на дневен ред овие точки, само затоа што изборите се закажани“, додаваат од судот.Вообичаено, седниците на Уставен се оддржуваат во среда, но овојпат е закажана за понеделник, 31-ви октомври, до кога трае мандатот на актуелната претседателка Елена Гошева, а веќе од 1-ви неомври на нејзино место доаѓа новоизбраниот претседател Никола Ивановски.Според иницијативите се проблематизира легитимноста на партиски договорените и веќе закажани предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат на 11-ти декември и нивна цел е да се извлече Македонија од долгогодишната политичка криза во која се наоѓа. Договорот од Пржино, неговите анекси, и сé што следеше потоа, беа договори меѓу лидерите на најголемите македонски партии од власта и опозицијата од македонскиот и од албанскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, што резултираше со конечна лидерска средба на крајот од август годинава, на која сите лидери заклучија дека се обезбедиле фер, кредибилни и демократски услови за одржување на избори.Тоа подразбираше прифаќање наставот дека е прочистен Избирачкиот список, дека е либеарлизиран медиумскиот простор, дека е овозможена непречена работа на Специјалното јавно обвинителство надлежно за случаите кои произлегуваат од нелегално прислушуваните телефонски разговори на голем број граѓани, а за обезбедување легитимност, дури беше договорено и луѓе од опозицијата да ги заземат местата на министри и заменици-министри во Владата.Сепак, со иницијативата се оспорува Решението за предвремени парламентарни избори, „бидејќи без балансирање на изборните единици се крши Член 22 од Уставот на Република Македонија кој гарантира еднаквост на избирачкото право, како и Член 51 од Уставот“.Имено, според последните расположливи податоци, во изборната единица 6 има 0,28 отсто повеќе запишани гласачи, односно 5,28, но законски е дозволена отстапка до 5 отсто. За изедначување на изборните единици по број на гласачи, на последната собраниска седница, зборуваше и Имер Алиу од ДПА, кој предложи да се расправа за тоа, но таа точка на дневен ред не беше прифатена.Иницијативата на Народното движење за Македонија, го проблематизира тоа што парламентот не се распуштил на точно 60 дена пред датумот, туку на 55 дена пред изборите, а согласно законот, Собранието треба најрано да се распушти на 12-ти октомври односно 60 дена пред избори или најдоцна до 27 октомври, 45 дена до изборите за тие да се одржат на закажаниот датум 11-ти декември./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.
Македонија
Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ
Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од СДСМ.
„Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата, со Законот за полиција се оди кон целосна партизација на МВР“, велат од партијата.
Од СДСМ, исто така, велат дека случајот со ИПАРД 3 и апсењето на директор кој е поставен од ВМРО е уште една причина зошто мора да има техничка влада.
„Легализацијата на масовен надзор со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењата на граѓаните а за тоа се уште нема контролни механизми ниту заштита од злоупотреби. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби за следење на граѓаните или опозицијата за време на кампањата“, велат од СДСМ.
На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, додаваат од опозицијата, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.
„Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните. Техничката влада мора да остане и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните“, веалт од партијата.
Македонија
Пратениците за една година потрошиле 14,3 милиони за патни трошоци, објави Левица
Во држава во која минималната плата едвај достигнува 400 евра, а јавните политики постојано се правдаат со „недостаток на средства“, пратениците само во една година потрошиле 14.369.470 денари за патни трошоци. Станува збор за износ кој јасно ја разоткрива изопачената хиерархија на приоритети – за комфорот на елитата секогаш има пари, но за основните потреби на граѓаните континуирано нема, велат од Левица.
„Со оваа сума би можело да се реконструираат и опремат училишни кабинети, да се набават медицински апарати за регионални болници што со години работат без или со застарена опрема, да се финансираат јавни кујни за илјадници сиромашни семејства во текот на цела зима, да се субвенционираат градинките за коишто градоначалниците на ДПМНЕ ги зголемија надоместоците на товар на граѓаните. Наместо тоа, 14 милиони завршија во систем на патни надоместоци кој одамна не служи за покривање реални трошоци, туку како дополнителен извор на лични приходи“, велат од партијата.
Според Левица, апсурдот станува уште поочигледен ако се направи директна споредба со социјалните политики што државата одбива да ги финансира.
„Истата таа држава не субвенционира меѓуградски превоз за студентите, кои секојдневно патуваат на сопствен трошок за да можат да студираат. Истата таа власт го одби и амандманот на Левица за субвенции за кирии за жени жртви на семејно насилство, оставајќи ги без институционална поддршка во најкритичните моменти од нивниот живот. Но, додека за студентските билети и за безбедниот кров над глава на жртвите на насилство „нема пари“, за пратеничките кирии од по 400 ЕУР месечно и за патните трошоци секогаш има. Има пратеници кои истовремено наплаќаат и кирии и патни трошоци. Има и такви кои поседуваат сопствени станови во Скопје, а сепак земаат патни надоместоци. Буџетот се користи како штит за привилегираните, а како изговор за најранливите. Пари има за удобноста на функционерите, но не и за мобилноста на студентите и за елементарната сигурност на жените жртви на насилство“, велат од Левица.
Од таму додаваат дека Левица останува единствената парламентарна партија чии пратеници не земаат ниту денар за патни трошоци, гориво, патарини, амортизација, ниту пак за кирии.
„Додека владејачката структура предводена од ДПМНЕ и Мицкоски го одржува системот на расипнички бенефиции, граѓаните со минимална плата од 400 евра и со отсутна социјална поддршка плаќаат двојна цена – прво преку буџетот што се троши за туѓ комфор, и второ преку државата што им свртува грб кога им е најпотребна“, велат од партијата.

