Македонија
Рауфи: Со „бомбите“ ќе падне пресудата за „Монструм“ и ќе се открие нарачателот

Во продолжението на интервјуто со адвокатот Насер Рауфи, разговаравме за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковското езеро, за кое шест лица се осудени на доживотен затвор и за случајот „Сопот“ кој не е решен 13 години. Рауфи верува дека во „бомбите“ за „Монструм“ има докази со кои ќе падне обвинението и ќе се открие вистинскиот нарачател…
Макфакс: Вие сте бранител и во случајот „Монструм“, обвинетите добија доживотни казни, потоа имаше јавна седница на Апелациониот суд којшто ги потврди казните, кои се вашите следни чекори?Насер Рауфи: Во предметите каде што се определува казна доживотен затвор, имаме право на уште една жалба како редовен правен лек. Ние го искористивме тоа, жалбите ги поднесовме на време, а имам сознанија дека Врховниот суд ги примил истите од Апелациониот суд на 5-ти февруари. Но сé уште нема термин, и тоа е нешто што е зачудувачки, бидејќи веќе десет месеци минаа, а немаме уште термин за одржување на јавна седница пред Врховниот суд. Најверојатно се чека да поминат изборите.
Макфакс: За време на судењето јавно беше презентирано сведочењето на Хаки Азиири пред истражниот судија и со овој исказ, за којшто подоцна Азири тврдеше дека бил даден под присила, во јавноста се создаде перцепција дека токму овие обвинети се сторители на петкратното убиство? Зошто Азири се премисли?Насер Рауфи: Не би се согласил дека изјавата на Хаки Азири е некаков доказ или дека е од некоја важност, како бранител на петмина од вкупно седум обвинети и осудени на доживотен затвор, од кои подоцна еден беше ослободен.Изјавата на Азири нема никаква врска со кривично правниот настан, баш никаква. Не знам зошто се дава таква димензија на оваа изјава. Се работи за обвинет кој не е очевидец на настанот, тој воопшто не присуствувал лице местото за да е битна таа изјава.Самиот заштитен сведок, кој беше најден, измислен, по шест месеци, исто така, не е очевидец на настанот. И самиот тој во својот исказ вели дека не видел убиство, тој видел лица кои се движат околу местото на настанот, што е многу зачудувачки ако се земе предвид дека еден од обвинетите, Фејзи Азири, има таму концесија (на езерото –з.р.), а овие другиве му се семејство.Обвинетиот Сами Љута, пак, воопшто нема збор дека бил на лице местото, бидејќи ниту ги познава другите сообвинети и не знае каде е Смилковско езеро. Тој е приведен по изјавата на загрозениот сведок Е1. Овој обвинет дури доаѓаше кај мене претходно бидејќи начул нешто дека некој сака овој случај да го монтира. Дознав и дека висок функционер од УБК е изненаден како е притворен Сами Љута, бидејќи за истиот имале исти такви преземени мерки и виделе дека човекот е сосема чист.Целата пресуда се врзува со загрозениот сведок, обидувајќи се тука судот да го спои и Хаки Азири. Мора да се земе во предвид дека тие не се очевидци на настанот. Исказот на Азири беше дека двајца од обвинетите ги презема од обиколницата и ги носи дома, тој не очевидец.Макфакс: Имаше и други сведоци, ниеден сведок не посочи дека токму овие обвинети се извршители, но имаше докази од Обвинителството дека во автомобилот „опел“ кој беше најден по масакрот, имаше најдени ДНК траги од обвинетиот Алил Демири, а на тркалата на автомобилот била најдена земја со ист состав како земјата кај Смилковското езеро?Насер Рауфи: Има четворица очевидци на обвинителството, кои зборуваат во наша полза. Има четворица кои биле на лице местото кога се случило убиството. Во пресудата тие се споменуваат како сведоци, но нивните изјави ни одат нам во прилог. И сите тие рекоа дека обвинетите не ги виделе на лице место. Сите даваа опис и физиономии што сосема се разликуваат од обвинетите. Не знам од која причина ДНК примероците на Алил се спомнуваат, автомобилот „опел“ воопшто не било на местото. Тоа не докажува дека Алил се возел во возилото, како може да се најде ДНК на навлака на наслон на задно седиште. Навлаката е нешто може да се стави, да се извади. Наслонот е монтажно, демонтажен, а камоли навлаката. Може да се искористи секој наслон од друго возило.Возилото не било на лице место, тоа сум сигурен, а тоа со гранулација на земјата е толку паушално, не е лабораториски. Зошто не ни го дадат нам да го видиме возилото, сето тоа е само на хартија. Зошто ако се најдени траги во возилото, ни се одби барањето да го видиме круцијалниот материјален доказ на обвинителството?! Тоа возила воопшто и немаше задно седиште. Во албумот имаше една слика каде е сликано возилото, каде воопшто нема задно седиште. Се гледа плехот одзади. Возилото воопшто и не постои, го гледам само на фотографии. И да постои, не верувам дека би било на местото на настанот.
Макфакс: Вие тврдите дека осудените за петкратното убиство се невини? На кого би му одговарало да бидат убиени четворица матуранти и уште еден рибар, без никаква повод и причина?Насер Рауфи: Апсолутно мислам дека се невини. На политиката би ѝ одговарало вакво убиство. Ако се сеќавате на тој период, се работи за 12-ти април 2012 година. Тогаш имаше самит за прием во НАТО. Најверојатно се секаше да се направи некоја дестабилизација за полесно да влеземе во НАТО, да се прикаже нешто што е многу слично со случајот „Раштански лозја“ кога бевме изолирани од цел свет па беше изведен тој фингиран случај за на некој начин да нé воведат во НАТО, бидејќи бевме изолирани.Ова ми наликува на такво нешто, особено што имаше изјава од лидерот на српската партија, (Драгиша) Милетиќ десетина дена претходно, дека на пролет ќе се случи нешто крваво во Македонија. И се случи. Според мене, тука се поврзани и српските тајни служби, јас се сомневам дека тоа е дело на нашите и српските тајни служби за да се дестабилизира Македонија, за да биде полесно реализиран влезот во НАТО.
Макфакс: Зошто би ѝ одговарало на Србија дестабилизација на Македонија?Насер Рауфи: Според мене, лаик сум за политика, но мислам дека во тој период и тие беа со некое антинато расположение. Мислам дека би ѝ одговарало и на Србија, во тој политички момент да се случи дестабилизација на регионот, лаички кажано. Меѓутоа не ја исклучувам можноста и да не се инволвирани српските тајни служби. Но јас сум убеден дека се вмешани нашите тајни служби. Ако се земе предвид и самото место на настанот, некако ми гравитира наводно бегство во Косово, ша најдениот автомобил, има некои поврзувања.
Макфакс: Што е со првообвинетите во овој случај, тие се на Косово.Насер Рауфи: Тие се на Косово, на слобода. Барањето за екстрадиција за нив е одбиено бидејќи нема докази. Не е работата за какво дело се осудени, битно е дали има докази за овој случај. Мислам дека тие имале сознанија дека овој случај е монтиран. Тоа го имало и во бомбите.
Макфакс: За Монструм не беа објавени бомбите? Дали сте ги барале овие материјали од опозицијата од СЈО?Насер Рауфи: Сто пати сме ги барале, вклучено е Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во овој случај и мислам дека тие докази ќе бидат таму каде што им е местото, презентирани на јавната седница. Со самото тоа што СЈО ќе го преземе случајот, сметам дека ќе бидат на седницата на Врховен суд, на којашто ќе ги презентира СЈО.
Макфакс: Мислите дека ќе се промени пресудата со тие докази?Насер Рауфи: Апсолутно да. Сигурен сум, меѓутоа СЈО треба да се вклучи во јавната седница, можеби и затоа е пролонгирана. Верувам дека има докази, тоа ми го кажале компетентни луѓе – дека има докази. И самиот лидер на опозицијата во едно интервју кажа дека се работи за невини луѓе, дека има докази дека се невини. Јас верувам во тоа и мислам дека доказите ќе бидат презентирани на Јавната седница на Врховен суд и мислам дека обвинението ќе се повлече.
Макфакс: Дали со тие докази ќе се открие кој точно го извршил масакрот?Насер Рауфи: Апсолутно. Тој што го монтираше процесот, тој е оној којшто треба да одговара. Минимум нарачателот ќе се открие. Не ми се ни битни кои се тие нивни извршители, но кој го нарачал тој масакар, тоа ќе се открие.
Макфакс: Вие тврдите дека во овој настан сигурно се вклучени македонските тајни служби?Насер Рауфи: Не можеле да не знаат за овој настан, но кој колку е инволвиран, тоа не можам да нагаѓам, не е коректно. Видете колку брзо е од времето на извршувањето на тој грозоморен злостор до притворањето. Како може за неполни десетина дена да се притворат 25 лица. Никакви докази немаше. Десетина дена пред да истече рокот за поднесување на обвинението, од определувањето на пртиворот, се наоѓа заштитен сведок. Кај бил тој цели шест месеци. Значи тој е пронајден. Тоа докажува дека обвинителството не можеше да поднесе обвинение без тој заштитен сведок.
Макфакс: Случајот „Сопот“ се одолговлекува повеќе од 10 години, до каде е овој случај и зошто постојано се одложува?Насер Рауфи: Во овој случај, според мене, наголемо се вклучи политиката, бидејќи овие одлагања се без никаков основ. Последното рочиште се одложи за 20-ти декември, значи по изборите, што е симптоматично. Никој не дојде на судењето, освен обвинетите и бранителите. Образложението на дактилографката која дојде да ни соопшти дека се одложува случајот беше дека во овој предмет сé уште не е определен судски совет којшто ќе го суди предметот. Првобитниот совет составен од судијата Јани Нича и Сандра Крстиќ, по некои рокади, Нича го избраа за судија во Апелациониот суд, а Крстиќ ќе суди во друг оддел. Меѓутоа, вакви предмети кои се сензитивни и сериозни не трерба да се одлагаат поради вакви причини, да се чека да се именува нов судија кој ќе го преземе случајот, треба да се даде на постоечките совети кои судат во организиран криминал. Според мене, се чекаат изборите, па после да продолжи судењето, значи се тактизира во некоја смисла. И досега со тој предмет бевме во пат позиција, се чека практично партиите на власт да се договорат, во смисла обвинителството да го повлече обвинението спрема обвинетите, што и требаше да се направи, бидејќи овој случај го имаше во бомбите на лидерот на опозицијата.Се слушна (во ткн „бомбите“ – нелегално прислушуваните телефонски разговори –з.р.) дека екс директорот на УБК зборувајќи со екс министерката за внатрешни работи декларативно истакна дека овој процес е монтиран, меѓутоа не од нивната коалициона власт, туку од претходната власт, што подразбира од СДСМ. Практично овие обвинети издржаа голем дел од казната затвор, неколкумина од нив издржале казна од девет години од вкупно 11 години и ден денес овој предмет нема епилог, иако нема веќе што да се изведе во доказите. Доказите се изведени неколку пати со менувањето на судските процеси. Но, немаше потреба од некое одолговлекување бидејќи и ние и обвинетите бевме спремни за давање на завршни зборови. Не знам од кои причини се одлагаше.
Макфакс: Постапката за овој предмет е повторена?Насер Рауфи: Овој предмет имаше епилог, но е вратена постапката откако Комисијата којашто беше формирана во Собрание утврди дека е употребена сила врз клучниот сведок. Тогаш немаше закон за заштитени/загрозени сведоци, Рамадан Бајрами беше еден вид заштитен сведок. Беше заклучено дека истиот бил малтретиран, и тоа се докажа на Комисијата. Самите изјави на Бајрами докажаа дека е исказот го дал под присила.
Макфакс: Политиката вмешала прсти и додека СДСМ била на власт?Насер Рауфи: Јас лично мислам дека е монтиран овој процес, како што слушнавме од „бомбите“ монтиран е од претходната власт. Меѓутоа тоа не е никакво оправдување за да не се реши како предмет, уште повеќе што тој податок се знаел, за да се ослободат луѓето, доживуваат агонија 13 години.
Макфакс: Зошто им одговара на политичарите ваквиот исход? Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ еве веќе десет години е на власт, па не го реши овој случај?Насер Рауфи: Според мое мислење актуелната власт не е заинтересирана за решавање на овој случај бидејќи смета дека не учествувала во монтирање на овој процес, веројатно го остава за последиците да бидат на претходната власт, иако во „бомбите“ слушнавме дека има некоја таква намера. Меѓутоа, дефинитвно е тоа дека не може да се постигне договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за овој предмет. Според мене, овој процес го кочи ДУИ бидејќи знаеме дека министер за правда цело време е од ДУИ. Требаше да реагира министерот за да се реши овој случај. За овој случај требаше политички договор, така и почна со формирањето на Собраниската комисија. Но мислам дека ДУИ нема интерес да се реши овој случај, а ВМРО-ДПМНЕ не била инволвирана во монтирањето на овој процес./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека политичкиот противник, СДСМ оваа кампања ја започна невообичаено наспроти сите теории и практики во кампања, од прв ден со црна кампања, со монтажи, со спинови, со дефокус и со напади, најчесто против него и неговото семејство, додавајќи дека и нема што да се очекува од луѓе што нема што да кажат.
Мицкоски посочи дека ако не е црната кампања тие нема за што да зборуваат, затоа што тие од нивното време не оставиле ништо вредно, освен криминал и корупција, а потоа се сетија да го извадат слоганот дека се бореле за нивниот дом.
„Но имам јас една дилема која би сакал пред вас да ја соопштам. А, тоа е за кој дом? За хациендите на Халкидики, за хациендите во Дубаи или за јахтите коишто ги гледавме ова лето. За кој дом зборуваат? Затоа што тие имаа можност да се борат за домот седум години, а тие го опустошија и го распродадоа домот и во секоја смисла на зборот, го понижија македонскиот народ. Да не дозволиме тоа повторно да се случи“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека секогаш кога Социјалдемократскиот сојуз бил на власт се случувале грешки, како на пример временото име и последно, прифаќањето на ултиматумот од Бугарија.
„Затоа што, сетете се во минатото, СДСМ кога бил влада во Македонија, секогаш се случувале историски грешки. Вратете се назад од она времено име па се до прифаќањето на бугарскиот ултиматум. Да не дозволиме овие луѓе никогаш повеќе да бидат дел од македонската Влада, а тоа можеме да го направиме и потврдиме овие локални избори на 19 октомври. Ве повикувам масовно да излеземе и да испратиме силна порака како никогаш до сега“, повика Мицкоски.
Македонија
Поради снег и паднати дрва, во прекин сообраќајот на патот Никфорово – Леуново

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување, соопшти АМСМ:
Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17.00 часот е нормализиран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди , утринските температури ниски, дневната до 15 степени

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.