Македонија
Во Македонија не може да се открие корупција во финансирањето на политичките партии
Со методологијата според која работи Државниот завод за ревизија не може може да се откријат таканаречените скриени пари за коишто се зборува во текот на изборните кампањи, а Државната комисја за спречување корупција, Јавното обвинителство и полицијата работат според нивните извештаи.
Ова го тврди Тања Таневска од Државниот завод за ревизија, која учествува на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“. „Методологијата на ревизијата е таква, согласно стандардите, ние мораме во текот на ревизијата да постапиме врз основа на анализа на документите што ќе ни бидат приложени. Заради тоа, досега, во нашите ревизорски извештаи, односно ревизорите не напишале дека е откриен криминал. Не сум сигурна дека со нашата ревизорска методологија може да се откријат таканаречените скриени пари за коишто навистина се зборува во текот на изборните кампањи. Зборувам од аспект дека методологијата на ревизорите не претставува истражна постапка. Верувам дека во некоја истражна постапка тоа може да се открие, но онака како што ние работиме и што е мандат и мисија на врховна ревизорска институција, не сум сигурна, ниту сум убедена дека можеме да го добиеме тој резултат што се очекува“, вели Таневска.Сепак, смета дека методлогијата не треба да се менува затоа што таа е исклучиво изработена согласно ревизорски стандарди коишто се применуваат на меѓународно ниво и она што македонскиот Државен завод за ревизија го работи е на ниво на високоразвиените западни врховни ревизорски институции. Од друга страна, пак, Државната комисија за спречување корупција досега за сите оние што се учесници во изборните кампањи, а кои не доставиле финансиски извештаи покренала постапки пред надлежните судови и тие се процусираат, а дел се завршени и со казни.„Најголем дел од проблемот што се јавува е недоставувањето на извештаите за финансирањето на изборните кампањи, но мора да кажам дека најголемите партии тоа секогаш го почитуваат. Се јавува проблем кај помалите политички партии , кај оние самостојни листи на учесници во локалните избори, коишто и не се доволно запознаени со законските прописи за доставување на извештаите за финансирање на нивните кампањи. Потоа се спроведуваат оние санкции кои се предвидени со законот. За сите оние што се учесници во изборните кампањи кои не доставиле финансиски извештаи ДКСК покренува постапки пред надлежните судови и тие се процусираат. Добар дел се веќе процесуирани, а добар дел се завршени и со казни“, вели Игор Тантуровски, претседател на ДКСК.Појасни дека испитувањето за тоа дали и каде не направена корпуцијата, му припаѓа на ма Државниот завод за ревизија, кој испитува како одело финансирањето, од каде доаѓале приливите на тие средства, а ДКСК потоа ги користи ревизорските извештаи кои ги добива и врз основа на нив потоа спроведува свои постапки и покренува постапки пред надлежните судови.Како што појасни Таневска, пак, согласно закон, ревизорските извештаи ги испраќаат во јавното обвинителство, а потоа тоа, по службена должност ги испраќа до Министерството за внатрешни работи за да се преземе таа истражна постапка. „Ние ги даваме препораките од она што е наод и потоа треба да се преземат мерки, меѓутоа повторувам , од досегашните ревизорски извештаи не станало збор за криминални дејствија којшто ги откриле ревизорите“, вели Таневска.Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, годинава беше пуштен од затвор откако одлежа пет години за случајот „Кампања“, односно за нелагално финансирање на кампањата за изборите во 2011 година.Бошкоски беше уапсен во еден скопски ресторан, како земал 100.000 евра, пари наменети за нелегално финансирање на капмањата.Специјалното јавно обвинителство отвори случај за апсењето на Бошкоски под името „Тортура“ и за ова осомничен е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунзнавање, Сашо Мијалков и командирот на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки за мачење и сурово постапување заради политичка одмазда./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.
„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, истакна Герасимовски.
Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.
Герасимовски, исто така, најави дека од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.
Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.
„Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете, останува еден од највисоките приоритети“, вели Герасимовски.
Македонија
Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.
Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.
„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

