Македонија
МЗШВ платило 778.000 евра за нефункционален систем за распределба на субвенции
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство платило 778.000 евра за систем со кој требало да бидат правилно распределени земјоделските субвенции, за кој ревизорите откриле дека нема потпишано соодветни договори, контролата се прави со ексел документ по два критериуми и одобрување на неавторизирани налози за исплата.
Ова го објави во понеделник дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, кој најави дека ќе спречи каква билозлоупотреба во пресрет на следните избори, закажани за 11 декември.Имено, како што појасни Николовски. согласно член 48 од Законот за земјоделство и рурален развој спроведувањето на мерките за директни плаќања (односно субвенциите за земјоделците) може да се врши преку интегриран систем за администрација и контрола.„Во декември 2011 година МЗШВ потпишува Договор за изработка токму на тој систем со странски компании (ИСАК). Според договорот од стотици страни, системот чини 778.000,00 евра, платен од МЗШВ, а даден на користење на Платежната агенција. Преку овој скапо платен систем треба да се обезбедува администрација и контрола на средствата од директните плаќања односно субвенции, средствата за рурален развој и средствата од ИПАРД и да овозможи усогласено функционирање и непречена размена на податоци со другите институции“, вели Николовски. Потоа, во 2012 година е донесен Правилник за начинот и функционирањето на овој систем според кој е регулирано дека заради правилно функционирање и размена на податоците МЗШВ треба да склучи меморандум со АФПЗРР, Агенцијата за катастар на недвижностите и Агенцијата за хартии од вредност заради користење на податоците за земјоделските парцели и бројната состојба на животните и нивната идентификација.Но, конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија за периодот 2014 година, кој НИколовски го дава во прилог, констатира дека на ревизијата не и се презентирани склучени договори/меморандуми за соработка на МЗШВ со АФПЗРР, Агенцијата за катастар на недвижностите и АХВ. Дека овие состојби не се во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој и влијаат на правилното функционриање на системот.„Второ, ревизорот констататирал дека поради нефункционалноста во софтверот за директни плаќања изборот на примерок за контрола се прави со помош на ексел апликација и со користење на само два критериуми. Трето, ревизорот констатира одобрување на неавторизирани налози за исплата кои ги нема во прегледот на донесени решенија за одобрување на исплата“, додаде Николовски.Тој праша зошто не биле потпишани договори за соработка меѓу институциите за користење на податоците за земјоделските парцели и бројната состојба на животните и нивната идентификација и дали токму нефункционалноста на овој систем за кој се платени 778.000 евра средства од граѓаните за да се овозможи администрација и контрола на исплаќање на субвенциите на земјоделците, е токму причината за селективниот и клиентелистички пристап во распределба на субвенциите.„Бескомпромисно и без калкулации работиме и ќе продолжиме да работиме во интерес на земјоделците и граѓаните.И ќе спречиме било каква злоупотреба во пресрет на следните избори. Тоа е наша законска обврска, должност и цел“, рече Николовски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.
Македонија
Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.
„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.
Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.
„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.
„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.

