Македонија
Изборната единица „шест“ со вишок гласачи закана за легалноста на изборите
Собранието се распушти, а изборите се распишаа, наводно како што беше договорено од лидерите на четирите политички партии, затоа што се исполниле условите за кредибилни избори, но сепак, остана отворено прашањето за шестата изборна единица која има повеќе гласачи од дозволеното законско отстапување (+/- 5%).
Членови на Државната изборна комисија, како и експерти предупредуваа дека со ова можат да се оспорат резултатите од изборите, но пратениците немаа слух за тоа. Во шестата изборна единица има повеќе 5,28 отсто гласачи, што значи со законски дозволените 5 отсто, спорниот вишок е 0,28 отсто.И покрај навремените предупредувања за ова од Државната изборна комисија, во Министерството за правда, а и во законодавниот дом немаше политичка волја ова да се реши пред распуштањето на Собранието. Од Народното движење за Македонија, во вторникот најавија поднесување на иницијатива до Уставниот суд за непочитување на Уставот со бројот на гласачите во шестата изборна единица и нееднаквоста на гласот на граѓанинот во Македонија.Како предлог се појави идејата гласачите од Дебар да се префрлат во петата изборна единица, со што бројот би бил нивелиран. На последната седница, пред распуштањето на Собранието, пратеничката група на ДПА предложи прекројување на изборните единици, односно разликата на бројот на гласачи од една до друга изборна единица од 5 да се намали на 1 отсто, предлог што не дојде на дневен ред во Собранието.На прашањето зошто на последната собраниска седница не се реши проблемот со нееднаквоста на изборните единици, лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека вината лежи кај владејачките партии, бидејќи одбивале да разговараат за ова прашање.„ Решение постоеше на два начини. Првиот начин во нашата активност во Парламентот, а и јавно ја истакнуваме – една изборна единица, цела Македонија. Тогаш немате над 5 проценти, под 5 проценти. Кога ќе е една изборна единица Република Македонија, тогаш е решен и овој проблем. Ниту една од владејачките партии тоа не го прифати, одбиваа да разговараат за тоа. Второто решение го оставивме – еве вие сте владејачки партии, како вие ќе се договорите ние ќе го прифатиме. И не успеаја да се договорат на ова прашање. Секако, процентот е 5,28 на шестата изборна единица. Ќе го видиме со конечното објавување на Избирачкиот список пред избори, што значи и прочистувањето коешто се случи, дали тој процент се уште додржува да биде 0,28 отсто повеќе од просечниот, како што е дефиниран во правната регулатива во Македонија. Секако, не е прашање на коешто треба да кубиме коси и да правиме паника, но убаво беше да го решиме. Треба владејачките партии да дадат одговор, зошто не успеаја да го надминат ова прашање поврзано кога од опозицијата имаа отворена поддршка, какво и да е решението на овој проблем“, рече Заев при посетата во Велес.Еврокомесарот Јоханес Хан при последната посета во Скопје им порача на партиите да постигнат договор во однос на редефинирање на изборните единици пред изборите.Сепак, Собранието се распушти, изборите се распишани за 11 декември, а доколку остане вишокот гласачи во шестата изборна единица, секој ќе може сосема легално да го покрене прашањето за кредибилноста на предвремените парламентарни избори./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

