Македонија
КЗП: Бројот притворени е намален за 25 отсто, но сé уште е екстремно висок
Бранителите на десет лица кои се наоѓаат во притвор поднесоа предлози за замена на притворот со домашен притвор до Основниот суд Скопје 1 како дел од проектот „Ајде да спасиме судбини“ којашто ја организираше Комитетот за заштита на правата (КЗП).
Прес-конференцијата ја водеше Валентин Зафиров од Велес, еден од осудените во случајот „Ликвидација“, адвокат со 15 годишно искуство како истражен судија.Според податоците на Комитетот, бројот на притворени лица е намален за 25 отсто, од 254 на 198 за четири месеци, но бројот на притворени лица се уште е екстремно висок и дека треба да се намали на помалку од 100 лица, од причини што според информациите на комитетот, сé уште се држат лица во притвор, иако причините за притвор повеќе не постојат. „Факт е дека постои подобрување на состојбата со притворите, но има уште многу работа и судовите уште многу треба да работат на подигнување на свеста и професионализација на самите судови, затоа што уште 200 луѓе се во притвор, а според наши процени повеќе од 100 луѓе немаат потреба да бидат во притвор. Затоа денеска ќе бидат доставени барања за десет лица за укинување на мерката притвор или за домашен притворен. Со тоа Судот треба да покаже и докаже дека работи неселективно, дека работи по ист принцип за сите и дека има коригирање на работата на судовите. Факт е дека има подобрување, но постои поостро за уште подобрување во насока на незлоупотреба на мерката притвор“, изјави Ване Цветанов, координатор на Комитетот.Тие бараат укинување на притвор или замена на притворот со домашен притвор за случаи поврзани со криумчарење мигранти, за едно лице обвинето во случајот „Детонатор“, кое се наоѓа три години во притвор, „За овој случај цел град гарантира, дека доколку биде заменета мерката притвор со друга мерка дека нема да помогне дека нема да влијае, истрагата е завршена , не може да влијае на судењето. Ист е случајот и со другите лица постојат лица за повеќе кривични дела“, изјави Цветанов.Експертскиот тим што го ангажирал Комитетот составен од кривичари со над 15 години искуство донеле одлука дека притворот е излишен во голем број од случаите.Во рамки на оваа акција, со цел да се запазат роковите, и минатата недела беа доставени седум предлози за замена на притворот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Ние не можеме да бидеме Пенелопа којашто, чекајќи го Одисеј, нон стоп го менува Уставот, на барање на некој однадвор
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова организираше традиционален годишен прием за дипломатскиот кор во Охрид, каде што пред претставници на амбасадите и меѓународните организации упати силна порака за мир, дијалог и еднаков третман на државите во европската интеграција.
Таа на присутните им посака среќна и успешна година, нагласувајќи дека дипломатите претставуваат знаење, умереност и упорност во потрагата по решенија преку дијалог, а не преку конфликти и уцени.
„Дипломатијата не е само протокол, туку цивилизациски механизам што урива ѕидови и гради мостови“, рече таа, додавајќи дека претпочита тркалезни маси наместо мапи на фронтови.
Претседателката ја посочи важноста на културната, економската и научната дипломатија, а во центарот на говорот ја стави потребата од нов мултилатерализам – што ќе штити мали и ранливи држави и ќе го почитува меѓународното право.
Остра критика за односот кон проширувањето
Сиљановска-Давкова упати и критика кон пристапот на ЕУ, нагласувајќи ја опасноста од политичка арбитрарност и двојни стандарди.
„Ние не можеме да бидеме Пенелопа којашто, чекајќи го Одисеј, нон стоп го менува Уставот, на барање на некој однадвор, заборавајќи дека е закон над законите, односно lex superior, којшто треба ретко и со рака што трепери да се менува, како што велеше белгискиот професор Вињи, како и најважниот општествен договор на македонските граѓани, како што пишуваше Русо. Како е можно, односно не е ли хипокризија и цинизам да се повикуваш на национален уставен патриотизам и на консензусот како брана од промена на конститутивните акти на ЕУ, а да бараш од една држава да исполни „ само уште еден услов“, да направи „само уште една отстапка и уставна промена“, оти така сакал соседот, така препорачувал известувачот или Европскиот совет!“, рече претседателката.
Додаде и дека тешко е да се живее во перманентна неизвесност. Чудно е да се повикуваш на Копенхашки критериуми, а да инсистираш на балкански барања, да очекуваш реформи и владеење на правото, а да толерираш билатерализација, ветоизација и двојни стандарди.
„Ако проширувањето стане процес во кој секој нов член го редефинира патот на следниот – Унијата ќе го изгуби она што ја прави Унија“, додаде претседателката.
Во обраќањето, таа се осврна и на трагедијата во Кочани, нарекувајќи ја „болна траума“ и се заблагодари за поддршката од меѓународната заедница, која преку дипломатите покажала солидарност и пријателство.
Во завршниот дел, Сиљановска-Давкова истакна дека европската перспектива мора да биде кредибилна и рамноправна:
„Не бараме привилегии – бараме критериуми. Проширувањето не е само тест за кандидатите, туку и за демократскиот капацитет на Унијата.“
„Западниот Балкан не смее да се третира како периферија на периферијата. Тоа е европски предизвик и безбедносен приоритет“, заклучи претседателката, со порака дека заедничката иднина се гради преку партнерство, разбирање и доверба.
Македонија
Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле. Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница Жан Митрев.
Ова го потврди самиот др. Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.
Тандемот Филипче-Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.
Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС, се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.
Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.
И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.
Оттука се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?
Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа која треба да зборува.
Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето државата и институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно, за остварување на клановските цели.
Не треба да има недопирливи, законот треба да важи подеднакво за сите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари, велат од СДСМ
„Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално“, велат од СДСМ.
„Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО.
Дали ова е „Safe city“?
Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО.
Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски.
Како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се водат. Црна точка во Европа“, соопшти СДСМ.

