Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да побара распуштање на Собранието, ДС веќе го стори тоа
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара од опозициската СДСМ да достави предлог до Собранието тоа да се распушти, затоа што од вчерашниот марш увиделе дека опозициската партија не е задоволна од актуелната власт, но доскорешниот коалициски партнер на власта, Демократскиот сојуз на Павле Трајанов соопшти дека во среда веќе го направил тоа.
„Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Р. Македонија за негово распуштање. Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Демократскиот сојуз, пак, соопшти дека до Собранието на Република Македонија, доставил предлог-одлука со која бара Парламентот да се распушти, со што ќе се создадат уставни можности, изборите да се одржат на 11 декември 2016 година.„Согласно договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување на предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември. За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеца, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот“, велат од ДС.Сметаат дека освен предложените промени за работата на СЈО и заштитени сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштање на Парламентот нема.„Севкупната криза во Македонија предолго трае и ги загрозува перспективите и развојот на земјата, поради што се неопходни промени на власта, кои можe да се случат на фер, демократски и кредибилни избори. Демократскиот сојуз очекува поддршка од сите парламентарни партии и независни пратеници“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.Претходно пишувавме дека Собранието нема да се распушти на 12 октомври поради недонесувањето на предлог-буџетот за 2017 година, а според собраниските служби, за да се распушти законодавниот дом потребно е да поднесат иницијатива партиите или некој од пратениците.Собранието нема да се распушти на 12 октомври, односно 60 дена пред предвремените парламентарни избори, но тоа е и најраниот рок за распуштање. Причината за одлагањето на распуштањето на Собранието и според ВМРО-ДПМНЕ и според СДСМ е поради неусвојувањето на предлог буџетот за 2017 година.Во Собранието веќе е закажана и седница на 13 октомври в четврток при што на дневен ред се ставени низа предлог-закони. Од собраниските служби велат дека за да дојде на дневен ред распуштањето на Собранието потребно е политичките партии застапени во законодавниот дом или некој од пратениците да поднесат иницијатива, а Собранието ќе работи сѐ додека тоа не се случи.Согласно законот, Собранието треба најрано да се распушти на 12 октомври односно 60 дена пред избори или најдоцна до 27 октомври, 45 дена до изборите за тие да се одржат на закажаниот датум 11 декември. Со тоа се дава можност и Собранието евентуално да расправа и за измените за законот за СЈО и за заштитени сведоци, кои пратениците не прифатија да бидат донесени по скратена постапка. За потсетување, во петок, во посета на Македонија доаѓа и еврокомесарот Јоханес Хан./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.

