Политика
Заев: 11-ти декември е денот на промените
Предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11-ти декември е денот на промените во Македонија, порача во вторникот Зоран Заев, челникот на најголемата опозициска партија СДСМ одговарајќи на новинарски прашања, откако во понеделникот пратениците гласаа за распуштање на досегашниот состав на Собранието, а парламетаниот спикер Трајко Вељаноски во вторникот го потпиша решението за распишување на изборите.
Заев посочи дека власта имала намера да ги пролонгира предвремените парламентарни избори, и тие да се одржат заедно со локалните, в година, иако ден претходно пратениците со консензус гласаа за распуштање на Собранието.
„Сите знаеме дека намерата на власта беше да ги пролонгираат (парламентарните избори) заедно со локалните. Зошто? Да ги дислоцира темите. Од важните теми во Македонија, да се зборува за тротоарче, за улица, за водовод. Граѓаните бараат пари. Да има повеќе пари во секое семејство, бараат економска иднина, економска перспектива, бараат криминалците да сносат одговорност, бараат законот да важи подеднакво за сите. Не успеаја, колку и да се обидуваа кај нас да најдат причина за нивно одложување на изборите. Јас сум многу среќен што конечно вчера се распушти парламентот, денеска ќе бидат распишани изборите, и можам само да ѝ посакам на Република Македонија и на сите граѓани ‘Македонијо, нека ни е со среќа’, доаѓа ново убаво време каде што сите ќе бидеме сплотени, единствени, здружени, со конечна цел, да проектираме и изградиме Македонија којашто ќе биде подеднакво мајка за сите граѓани, достоинствено место за живот за сите нас“, порача лидерот на СДСМ.
Социјалдемократите предлагаа, меѓу другото, една изборна едница, а владејачките партии можеа да се договорат за решение, рече Заев, запрашан за изостанувањето на решението за Шестата изборна единица, во која има поголем број избирачи од 5 отсто во однос на пропишаната можна разлика со другите изборни единици. Беше прашан, исто така, зошто неговата партија воопшто не предложила некаква расправа околу ова прашање за коешто претходно, пред да се распушти Собранието, најавила дека ќе треба да биде донесена одлука.
„Бевме многу активни во овој процес. Решение постоеше на два начини. Првиот начин во нашата активност во парламентот, а и јавно ја истакнуваме: една изборна единица, цела Македонија. Тогаш немате над 5 проценти, под 5 проценти. Кога ќе е една изборна единица Република Македонија, тогаш е решен и овој проблем. Ниту една од владејачките партии тоа не го прифати, одбиваа да разговараат за тоа. Второто решение го оставивме: еве вие сте владејачки партии, како вие ќе се договорите ние ќе го прифатиме. И не успеаја да се договорат на ова прашање. Секако, процентот е 5,28 во Шестата изборна единица. Ќе го видиме со конечното објавување на Избирачкиот список пред изборите, што значи и прочистувањето коешто се случи, дали тој процент сé уште додржува да биде 0,28 отсто повеќе од просечниот, како што е дефиниран во правната регулатива во Македонија. Секако, не е прашање на коешто треба да кубиме коси и да правиме паника, но убаво беше да го решиме. Треба владејачките партии да дадат одговор, зошто не успеаа да го надминат ова прашање поврзано кога од опозицијата имаа отворена поддршка, какво и да е решението на овој проблем“, појасни Заев.
Накусо резимирајќи ја изборната програма со којашто СДСМ ќе настапи на изборите, наречена „План за Македонија“, Заев посочи оти во прв ред програма има крајна цел да се зголеми животниот стандард на македонските граѓани за 70 отсто, и тоа преку економските мерки на кои е посветен значителен дел од програмата.
„Траба да ја решиме невработеноста, младите да останат овде. Кога млад човек ќе заврши образование, општеството веднаш да се пушти кон него, да му даде практична едукација, веднаш да му понуди работно место.да му даде можност да напредува во кариерата. Конечно да бидеме насочено буквално да ги ловиме младите, со нивен ангажман овде. Но, притоа и да ги намалиме трошоците за живот. Сите овие макро трошоци што секој ден доаѓаат до секое семејство, да ги намалиме. Да ја вратиме ефвтината тарифа на струјата, да ја укинеме радио дидуфната такса, да ги намалиме извршителсклите трошоци на извршителите на не повеќе од 10 поњсто од глаавниот долг. Да ги укинеме сите овие казни кои доаѓаат кон граѓаните“, рече Заев.
Според него, намалувајќи ги трошоците на граѓаните и истовремено инјектирајќи повеќе пари во секое семејство, ќе се зголеми стандардот и ќе се намалат трошоците, и на крајот ќе се добиеме финаниски бенефит на граѓаните.
„Секако, граѓаните од нас очекуваат да го решиме правосудството, и законот да важи еднакво за сите, да има правда во Македонија. Од нас се очекујва да има слобода и независни и демократски институции и да ја департизираме државата. Но сите граѓани очекуваат економски решенија каде што ќе се видат трокму себеси. Покрај принципот на повиски плати и пониски трошоци, наша конечна цел е да враќаме пари по сите основи. Мерката за поврат на ДДВ, 15 отсто за секој граѓанин ќе значи околу 30 000 денари приход плус во секое семејство, од самиот момент на потрошувачка на трошење на парите, секој ќе враќа ДДВ. Конечна цел е народот, граѓаните, поединецот, единката во нашето општество. На тој начин, ако луѓето имаат пари, ќе ни ја биде и државата. И државата ќе има интерес ако граѓаните имаат пари“, заклучи лидерот на СДСМ./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.