Политика
Анкета: Уверливо водство на ВМРО-ДПМНE пред СДСМ
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има двоцифрена предност од малку над 10-процнетни поени пред најголемата опозициска партија СДСМ, двојно од тоа е разликата меѓу лидерите на двете најголеми политички субјекти во земјата, Никола Груевски односно Зоран Заев, а уверливо мнозинство гласачи ја гледаат актуелната владејачка партија и како победник на предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение кои во саботата ги објави Институтот Павел Шатев.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има двоцифрена предност од малку над 10-процнетни поени пред најголемата опозициска партија СДСМ, двојно од тоа е разликата меѓу лидерите на двете најголеми политички субјекти во земјата, Никола Груевски односно Зоран Заев, а уверливо мнозинство гласачи ја гледаат актуелната владејачка партија и како победник на предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение кои во саботата ги објави Институтот Павел Шатев.
Резултатите од анкетата телефонски спроведена во периодот од 26-ти до 29-ти септември врз 1.260 испитаници во сите шест изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението односно пол, возраст, и етничка припадност и со дополнителна поделба според руралните и урбани места на живеење, укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов ужива поддршка од 25,9 отсто, додека најблиска до неа е СДСМ со доверба од 15,7 отсто меѓу избирачите.
Меѓутоа, може да се забележи дека висок е и процентот на оние испитаници кои се изјасниле дека не би гласале за ниедна политичка опција – 24,3 проценети, како и оние кои уште не се одлучени – 20,5 отсто.
Од другите политички партии кои се јавуваат во одговорите на испитаниците следат двете партии на албанската заедница во Македонија, владејачката ДУИ со доверба од 5,1 отсто и опозициската ДПА со 2,7 проценти.
Кога станува збор за партиите, ГРОМ и Движењето за реформи на ДПА имаат доверба, од 0,9отсто, БЕСА – 0,8 отсто, а НДП односно ВМРО-НП имаат поддршка од 0,3 и 0,2 отсто од гласачите. За друга партија се изјасниле дека ќе гласаат 2,7 отсто од испитаниците.
На прашањето „Кој е политичарот во кој имате најголема доверба?“, најмногу, и тоа 28,2 отсто од испитаниците се изјасниле за челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев има потпора од 8,8 проценти од гласачите. Притоа, во ова рангирање социјалдемократите се застапени и со уште двајца поранешни партиски челници, односно Рамила Шекеринска којашто има поддршка од 0,6 отсто, што е половина процентен поен помалку (1,1 отсто) од поранешниот партиски лидер, премиер и шеф на држава Бранко Црвенковски.
Редоследот е речиси ист како и кај рејтинзите на партиите, па следува Али Ахмети од ДУИ со 5,5 отсто, Мендух Тачи со 2,8 отсто, Стевчо Јакимовски од ГРОМ има доверба од 1,3 отсто, а Зијадин Села, струшкиот градоначалник и лидер на реформистите на ДПА – 0,8 отсто.
Доверба во ниеден македонски политичар немаат 30,6 отсто од испитаниците, не можеле да се одлучат 18,4 проценти, а за друг политичар симпатии би имале 1,9 отсто од испитаниците.
Дури 40,4 отсто од испитаниците сметаат дека сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, додека како победник на изборното соочување СДСМ ја перципираат 15,6 отсто. Дека ДУИ би била победник на изборите смело сметаат 7,7 отсто, а како победник на избори ДПА ја сметаат 2,2 проценти, но може да се претпостави дека овие резултати се повеќе плод на прашањето кој би бил победник во албанскиот политички кампус.
Дека победникот на идните парламентарни избори не го знаат одговориле 28,2 отсто од гласачите, а 5,9 проценти сметаат дека тоа би била некоја трета опција од водечките две во земјата.
Повеќе од двојна е предноста на владејачката партија според одговорот на испитаниците на прашањето „… Која политичка партија би направила повеќе за економскиот напредок“, при што се дадени три можности за одговор. За ВМРО-ДПМНЕ се решиле 52,7 отсто, додека за СДСМ – 25,4 отсто од избирачите, а 21,9 отсто не можеле да се одлучат.
Сличен сооднос во проценти е добиении во однос на врзаното прашање „На која партија би ѝ дале да ја води економијата во државата“. Дека подобар избор во овој сегмент е ВМРО-ДПМНE сметаат 58,9 отсто, а за СДСМ се решиле 25,3 отсто, додека нерешителни се 15,8 проценти од гласачите.
Голема е разликата меѓу двете најголеми политички партии и кога испитаниците се одлучувале во однос на прашањето „која партија има подобра програма и подобар политички кадар“. Владејачката партија добила 48,5 отсто а најголемата опозициска партија 22,1 отсто, додека 29,4 проценти од испитаниците одговориле со „не знам“
Малку помалку од половината, односно 49,1 отсто учесници во анкетата сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобри би се справила и одговорила со безбедносните ризици во земјата, додека предност по ова прашање на СДСМ ѝ даваат 25,7 отсто, речиси ист процент како и оние кое се неодлучни по ова прашање.
Меѓутоа, се чини дека испитаниците од анкетата на Институтот Павел Шатев во изразено мнозинство сметаат дела ВМРО-ДПМНЕ „повеќе држи до дадениот збор“, или 62,7 отсто, додека речиси трипати помалку, или 19,2 отсто сметаат дека СДСМ ги остварува своите ветувања.
Овие резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.