Контакт

Политика

ДОМ: ДИК да не ги вознемирува чесните граѓани, туку да ги провери фантомските гласачи

Објавено пред

Партијата ДОМ повикува ДИК да не ги вознемирува чесните граѓани кои со години живеат и гласаат на иста адреса, а некој ги прогласил за спорни, туку да ги провери фантомските гласачи.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Не сме заборавиле дека ова е намален број од 110.440 гласачи, за кои ДИК тврдеше дека не постојат во ниедна база на податоци! А што добивме? Добивме список во кој ги има регуларните гласачи, многу луѓе од јавниот живот, посебно од опозициските партии, но ги нема спорните “, велат од ДОМ

 

Притоа се истакнува дека во списокот на спорни гласачи кој сега теренски се проверува, меѓутоа, ги нема  лицата што се починати, иселени или измислени, а стојат во избирачкиот список!.

 

Овие фантомски гласачи во своето соседство граѓаните самите ги пронајдоа преку електронската апликација на ДИК и ги пријавија, велат од партијата

 

На пример, ДИК не сметал дека треба да се проверат имињата на оние 18 лица кои не живеат во Центар, Бул. Партизански одреди бр.8, ниту оние 7 лица во Гази Баба, ул. Антон Попов бр.11. Не се на списокот за проверка ни лицата сместени во празни куќи во Гази Баба на ул. Перо Наков бр. 104 и бр.108, ниту иселените лица во Ѓорче Петров, ул. 4 Јули, бр.42 (3 лица иселени пред 25 години во Германија), на ул. Борис Сарафов бр.42 (5 лица иселени пред 20 години). Ги нема ни лицата со адреси на амбасади, државни објекти и илјадници други. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија2 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ3 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија3 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија3 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет5 часа

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа5 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет6 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Шји порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа6 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа6 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија15 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија18 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија20 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија21 час

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија23 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија1 ден

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија1 ден

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ1 ден

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија1 ден

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...