Регион
Во Приштина првата Парада на гордоста во историјата организирана во тајност

Неколку стотици лица минаа низ центарот на косовската престолнина Приштина по повод првата Парада на гордоста во историјата на Косово, подготвувана во најголема тајност, пренесуваат тамошните медиуми.
Организаторите сакале да избегнат инцидентите во земји во која 90 отсто од двата милиона жители се од муслиманска вероисповед, се истакнува во извештајот на AFP.
Покрај припадниците на ЛГБТ заедницата, во центарот на Приштина мина и косовскиот претседател Хашим Тачи, високи политички функционери и странски дипломати, меѓу кои амбасадорите на САД и Велика Британија.
„ЛГБТ организациите го повикуваат косовското општество да ја искорени хомофобијата и да ги почитува, заедно со институциите, правата на ЛГБТ заедницата. Сексуалната ориентација не би смеела да биде причина за дискриминација“, се наведува во соопштението на организаторите на приштинската Парада на гордоста…
Претседателот Хашим Тачи, пак, за медиумите изјави дека сите граѓани на Косово треба да имаат исти права.
Косовскиот устав, инаку, ја забранува дискриминацијата на припадниците на ЛГБТ заедницата./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дете удри во дрво и загина на скијачка патека во Словенија

Дете трагично го загуби животот денеска на скијачката патека на Соришка планина. Несреќата се случила околу 9:40 часот, кога детето, скијајќи, излетало од патеката и удрило во дрво. Поради сериозноста на повредите, детето починало на лице место.
И покрај брзата реакција на екипите за прва помош, како и доаѓањето на хеликоптер од словенечката војска и полиција, спасувањето не било возможно.
Полицијата од Шкофја Лока апелира до сведоци на трагедијата да се јават на телефонскиот број 04 502 37 00 или на бројот 113 во Полициската станица Шкофја Лока.
Регион
Радев: Војната во Украина ја влече ЕУ кон дното

Претседателот Румен Радев предупреди за сериозните предизвици што ја очекуваат Бугарија и Европа поради војната во Украина и растечката опасност по безбедноста на регионот.
Тој изрази разочараност од недостигот на конкретни мерки за завршување на војната во Украина, посочувајќи дека Европа наместо мирно решавање на конфликтот, продолжува со неефикасни воени стратегии.
Шефот на државата ја критикува најавата на ЕУ за инвестиции во одбраната, истакнувајќи дека наместо реална поддршка, Бугарија ќе се соочи со сериозни економски последици и одбивање на важни инфраструктурни и социјални проекти.
Радев нагласи дека Бугарија мора да има самостојно планирање за модернизација на одбраната и армијата, без да чека насоки од странски институции.
Тој ја критикува владината блокада на важен бугарски инвестиционен проект за производство на барут, предупредувајќи на растечката нестабилност на меѓународниот пазар за муниција.
Претседателот на Бугарија предупреди дека Европа не може повеќе да игнорира реалноста на конфликтот во Украина и дека нејзината иднина е сериозно загрозена ако не се најде вистинско решение.
Радев ги потсети европските лидери дека мирот не може да се наметне од позиција на сила, посочувајќи дека Европа треба да работи на вистински дипломатски решенија, не на воени маневри.
Регион
Додик: РС останува цврсто на своите позиции, Србија ја дава целосната поддршка

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повтори дека РС останува цврсто посветена на своите позиции и не планира да се откаже од нив.
Во објавата на социјалната мрежа Икс, тој нагласи дека РС е целосно посветена на мирот и стабилноста, а истовремено ќе продолжи да ги застапува своите ставови во рамки на политичкиот систем и почитувањето на Дејтонскиот мировен договор.
„РС не може и нема да се откаже од своите позиции. Ние постојано го повторуваме тоа, бидејќи ниту една наша акција нема да биде насочена кон нарушување на мирот“, изјави Додик, нагласувајќи дека користењето на политички средства е природно право на РС.
Додик исто така потврди дека имал состаноци со српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот премиер во оставка, Милош Вучевиќ, кои изразиле силна поддршка за Република Српска. Според него, Србија останува силно заложена за поддршка на РС и нејзините позиции.