Европа
Ајфеловата кула затворена поради немирите во фан зоната

Ајфеловата кула во Париз, во понеделник остана затворена за туристи, ден по немирите меѓу младите кои се судрија со полицијата околу кулата, палејќи факели и фрлајќи шишиња.
Операторот соопшти сека Ајфеловата кула нема да работи во понеделник поради судирот на младите со полицијата, по поразот на фудбалската репрезентација на Франција на Еуро 2016, во недела навечер од репрезентацијата на Португалија. Според менаџментот на Ајфеловата кула, препознатливата париска атракција не може да биде отворена поради тоа што не се во можност да гарантираат безбедност на туристите. Имено, синоќа, младите навивачи запалија повеќе канти за ѓубре, автомобили и скутер, пред полицијата да ги растера, користејќи солзавец и водени топови.Во неделата, навивачите, кои носеа француски и португалски знамиња, се собраа заедно да го гледаат финалето на Еуро 2016, меѓу репрезентаците на Франција и на Португалија, а откако Португалците ја однесоа победата со 1-0, повеќе млади Французи се обидоа да влезат во фан зоната, предвидена за 690.000 луѓе, соопшти полицијата.Основата на Ајфеловата кула беше полна со солзавец, откако младите запалија канти во подножјето на објектот и фрлаа шишиња по полицијата. Полицијата возврати и со водени топови.Полицијата издаде предупредување до граѓаните на Twitter да не одат кон фан зоната, кога таа беше полна, а потоа гасеше запалени канти.Кога навивачите беа растерани, зад нив останаа купишта ѓубре, скршено стакло и огнени пламени, а потоа палеа и по улиците на Париз, при што најмалку еден автомобил беше запален.Речиси седум милиони луѓе, околу 20.000 дневно, купија билети за посета на Ајфеловата кула во 2015 година, од кои 80 отсто доаѓале надвор од Франција за да се качат на француската „железна дама“.Според бројките, Ајфеловата кула е една од најпопуларните туристички атракции во светот, како и симбол на Париз./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин