Контакт

Скопје

Со паметен избор на транспорт – до посилна економија

Објавено пред

Како паметниот избор на движење низ урбаните средини влијание врз животната средина, квалитетот на воздухот, здравјето на луѓето, домашниот буџет, но и врз развојот и зајакнувањето на економијата беа темите на кои денеска во Јавна соба – Центарот за дизајн и иновации  се дискутираше на отворениот Форум „Паметна мобилност.Силна економија“.
 

dobivaj vesti na viber

Како паметниот избор на движење низ урбаните средини влијание врз животната средина, квалитетот на воздухот, здравјето на луѓето, домашниот буџет, но и врз развојот и зајакнувањето на економијата беа темите на кои денеска во Јавна соба – Центарот за дизајн и иновации  се дискутираше на отворениот Форум „Паметна мобилност.Силна економија“.

 

Претставници на различни општествени и стопански субјекти ги пренесоа искуствата како следејќи ги и прифаќајќи ги современите урбани транспортни трендови успеваат да ги унапредат своите компании и институции, во исто време заштитувајќи ја животната средина. Денешните дискусии беа насочени кон темите кои се фокус на  Европската недела на мобилност 2016. Се зборуваше за Урбаната мобилност и практичните решенија на Градот, Развој на зелени урбани коридори, Развивање на локалната економија преку урбаната мобилност – практични примери од приватниот сектор, Зелени работни места и користење на иновативен пристап во развивање на бизнисот, Хибридни електрични возила и колку тие се навистина достапни за граѓаните, како и за улогата на медиумите и ИТ секторот во развој на паметната урбана мобилност.Беа слушнати прекрасни примери како вработените можат да се  мотивираат  за користење еколошки начини на транспорт, а со тоа да се постигне поголема ефективност на работното место, да се подобри здравјето на вработените и да се намали бројот на боледувања. Истражувањата покажуваат дека градовите кои промовираат одржлив транспорт се во значителна економска предност во однос на оние кои се залагаат за традиционално поттикнување на користењето на автомобили. Дека ваквиот интелегентен пристап  кон урбаниот транспорт може да значи и отворање на нови работни места јасно покажаа примерите од мали компании кои нудат услуги за еколошко пренесување на пратки и кои веќе успешно функционираат во градот.  Автомобилските компании кои нудат на пазарот хибридни возила укажаа дека постои се поголем интерес кај граѓаните за купување на хибридни возила кои се се подостапни. Евидентен е и примерот на големи компании кои за сопствените деловни потреби користат електрични возила. И секако информатичката технологија е важна алатка во оваа приказна бидеќи ги креира софтверските апликации со кои добиваме точни, навремени и достапни информации за поедноставно движење низ градот. На форумот, Градот Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на обединетите нации го објавија  предизвикот за граѓани  за идеи како да поминеш поинаков „ зелен“ ден во Скопје.Идејата поттикнува на иновативен пристап во креирање на туристички рути во кои би се склопиле веќе постоечките ресурси   на Градот .Предложените рути треба бидат наменети за туристички и рекреативни активности за граѓаните и посетителите на Скопје како нова туристичка понуда, со нови содржини, места до кои ќе се патува со користење и комбинирање на различни видови транспорт (пеш, велосипед, јавен превоз, електрични или хибридни возила), без користење на бензинско или дизел возило. Предлозите треба да ги вклучат можностите за развој на еко-туризмот во градот и околината. Најдобриот предлог ќе добие награда,  а рутата ќе биде предложена како нова еколошка туристичка понуда на Градот. Настанот е организиран од Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја денеска дел од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион2 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија3 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа4 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет4 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа5 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет5 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет5 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа5 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет5 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија22 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ22 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија23 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион24 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион1 ден

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија1 ден

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа1 ден

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион1 ден

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет1 ден

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...