Македонија
Започна градбата на првата зграда од проектот „АРМ – мој вистински дом“
На локацијата зад касарната „Илинден“ во Скопје, во саботата со свечено поставување на камен – темелник започна и изградбата на првата зграда со 32 стана за припадниците на Армијата на Република Македонија, како дел од проектот „АРМ – мој вистински дом“.
Министерот Јолевски, кој се обрати пред присутните посочи дека овој проект има за цел да им помогне да се зајакне стандардот на припадниците на АРМ. „Овој проект ќе трае сè додека има интерес кај припадниците на АРМ. Досега пријавени се околу 250 припадници на АРМ кои преку овој проект сакаат да го решат своето станбено прашање, но ние ќе продолжиме со градба на становите доколку има поголем интерес“, посочи министерот Јолевски. Овој комплекс, додаде министерот, ќе биде современ, со подземни паркинг решенија и уредена околина.
Во првата зграда со 32 стана ќе има по осум еднособни, двособни, трособни и четирисобни станови, информираше министерот. Тој посочи дека цената е многу поволна и се движи од 4.500 денари месечна рата за еднособниот, до околу 11 илјади денари месечна рата, за најголемиот, четворособен стан.
Проектот „АРМ – мој вистински дом“ овозможува секој заинтересиран припадник на Армијата на Република Македонија да купи стан по исклучително поволни услови. Имено, Министерството за одбрана го обезбедува земјиштето, ги плаќа комуналните трошоци, трошоците за изработка на проект, како и каматите на кредитите кои ќе ги подигнат припадниците на Армијата. Тие, пак, ќе можат главнината од кредитот да го исплаќаат на 240 еднакви рати, односно 20 години. На барање на припадниците на АРМ, учеството од 30 е намалено на 20 отсто./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадинова: Арсовска, и по неколку месеци, не одговара на иницијативите од општините доставени до Град Скопје
Советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Костадинова, во своето излагање на седница на Советот на Град Скопје ѝ се обрати на градоначалничката Данела Арсовска укажувајќи дека за спроведување на иницијативите поднесени од општините се чека и неколку месеци.
„Јас барав прашање и од службите, односно од раководителот за урбанизам. Зошто одлуката уште не е ставена како точка на дневен ред за ослободување од комуналии на ОУ ‘Невена Ѓорѓиева-Дуња’, на градинката ‘8 Март’ и на ОУ ‘Кирил Пејчиновиќ’, јас добив одговор дека раководителката на одделение била на боледување цели 2 месеца“, истакна Костадинова.
Таа додаде дека сега бргу побргу, по Законот за измена на градежното земјиште, се ставила оваа точка на дневен ред.
„Кога имаме ние Закон за градежното земјиште и немаме потреба да ја чекаме градоначалничката Арсовска да ни ги одобри одлуките што со нетрпение ги чекаат градоначалниците за да им помогнат и да ги подобрат условите во училиштата и градинките“, заклучи Костадинова.
Македонија
Марковска-Илиевска со порака до Арсовска: Не може да не се почитуваат законите и да не се реализираат програмите
„Уште на првата седница кога разговаравме за извештаите укажав на некои суштински, а не само на технички грешки. Еден час да немате реализирано програма, да немате формирано во некои од училиштата ученички заедници, да имате најавено активности, а да не ги реализирате, тоа е нефункционална ученичка заедница“, јасно истакна советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска-Илиевска, на денешната седница за советнички прашања обраќајќи ѝ се на градоначалничката Данела Арсовска во контекст на реализирање на програмите усвоени од Советот.
Марковска-Илиевска во своето обраќање посочи за низата неправилности што се случувале во делот на реализација на програмите за работа во одредени училишта. Дополнително, додаде дека Инспекторатот ќе проверува дали и колку е извршена реализација. Напомена дека нема да дозволи да се врши злоупотреба и од таа причина нема да гласа.
„Во делот на спортските активности, односно тимовите, да немате реализирана програма. Да си назначувате претседател на училиштен одбор на наставнички совет е кршење на законот и повлекува кривична одговорност. Ве молам, не се работи за технички грешки, се работи за суштински грешки и од таа причина онаму каде што нема реализирано програма, нема да гласам“, децидна беше Марковска-Илиевска.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија со јачина од 3 степени
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.