Свет
Еврогрупата го одобри третиот пакет помош за Грција
Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната го одобрија во петокот третиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција во вредност од 86 милијарди евра, по што челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер заклучи дека Грција „останува во еврозоната“.
„Денешниот договор ќе ги отстрани неизвесностите кои веќе предолго висат над оваа земја и еврозоната“, изјави потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, додавајќи дека договорот „ќе создаде нови работни места и ќе го обнови економскиот раст“.
Тригодишната програма за странска финансиска помош на Грција, трета во последните пет години во вкупна вредноста од повеќе од 320 милијарди евра, мора уште да ја одобрат националните парламенти на некои држави членки, вклучително и германскиот Бундестаг Грчкиот парламент по целовечерната дебата, благодарејќи на поддршката на опозициските конзервативци, го усвои договорот во петокот претпладнето.
„Договорот (за третиот пакет помош) е постигнат. Грција е и неповратно останува членка на еврозоната“, напиша на Twitter претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, откако Еврогрупата го одобрил планот за финансиска помош на Грција од Европскиот механизам за стабилност (ESM) во вредност од 86 милијарди евра.
Рокот на отплатата на заемот од новата програма ќе изнесува 32,5 години, изјави по состанокот на советот на министри на земјите од еврозоната, неговиот челник Јероен Дијселблом. Додаде дека депозитите во грчките банки нема да бидат отпишани и нема да се користат за враќање на финансиската стабилноста на кредитните институции.
„Сметам дека во Меморандумот за разбирање (MoU) (пакетот услови за доделување на кредитот на Грција – з.м.) не се споменува ништо за тоа. Кога станува збор за депозитите, би сакале да дадеме јасно до знаење…. дека нема да бидат дел од рекапитализијата (на грчките банки). Тоа е многу важно за стабилизација на банките, за да се осигури тие да бидат отворени што е можно поскоро. Во принцип депозитите ќе бидат исклучени од тоа“, изјави Дијсеблум на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на Еврогрупата.
Програмата за помош на Грција инаку предвидува делекусежни економски и социјални реформи, како на пензискиот и здравствениот систем, либерализација на пазарот, реформи на јавната управа, елиминирање на даночната евазија, јакнење на финансискиот систем и буџетските цели за да се намали енормниот долг на земјата, Напредокот ќе се оценува на секои три месеца и програмата ќе се прилагодува согласно на тоа.
Грција веќе следниот четврток мора да ја плати ратата од долгот кон Европската централна банка од 3,2 милијарди евра. Доколку помошта до тогаш не биде достапна за Атина, постои можност да ѝ биде одобрен кредит за премостување.
Неколку министри за финансии од еврозоната бараа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да виде вклучен во програмата, сметајќи ја неговата техничка поддршка за клучна за спроведување на реформите. ММФ учествуваше во претходните две програми за помош на Грција, како и во преговорите за новата програма, но чека одлука за ублажување, односно за отпишување на дел од грчкиот долг, за што се зазема и Вашингтон, пред да одлучи дали ќе се вклучи во програмата.
„За тоа, меѓутоа, нема да се дискутира до октомври, дури откако програма за помош ќе биде спроведена, што е помалку ‘квака 22’, изјави финскиот министер за финансии Александар Стуб, чија земја е против отпишување на дел од долгот и чиј парламент мора да ја ратификува спогодбата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Ново
Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра
Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.
Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.
Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.
Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.
Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.
Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.
„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.
Економија
Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера
Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.
Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.
Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.
„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.
Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.
„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.
Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.
Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.
ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.
Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.
„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.
Свет
Убиени 41 член од исто семејство во Газа
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.
Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.
На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.
Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.