Македонија
Заев: На чекор сме до живот за сите во Македонија
Создаваме услови за живот во Македонија, имаме план за живот во земјата, граѓаните да имаат квалитетен живот, како и сите граѓани во Европа, сите ние тоа го заслужуваме, а го заслужува и Република Македонија, порача во петокот челникот на најголемата опозицска партија СДСМ, Зоран Заев.
Заев појасни дека тоа ќе го обезбеди „заедно со граѓаните на Македонија“, на фер, регуларни и демократски избори „коишто мора да се случат во Македонија ѝ ќе се случат“.
„За ова разговарав со моите денешни гости, Тања Фајон, пратеник во Европскиот парламент и заменик претседателка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, како и европскиот пратеник Кнут Флекенштајн со кого се сретнав и како известувач за Македонија во Европскиот парламент“, рече Заев.
Лидерот на македонските социјалдемократи предпуреди дека младите заминуваат од државата во Европа и во други земји ширум светот, поради тоа што немале работа и егзистенција , па оттаму младите луѓе и не ја гледале својата иднина тука.
„Е тоа е нашиот клучен предизвик како совесни граѓани на оваа земја. Мора да има промени, плаче Македонија за промени. Ова е моментот заедно да создадеме сегашност и иднина за нас, за нашите деца и за државата. Во овој многу важен историски процес, кога се бориме да ги обновиме демократските институции, да ги поставиме на здрави темели разрушените темели на државата по сите основи, економијата, здравството, образованието, демократијата, правдата, од врвно значење е Македонија да добие демократска и легитимно избрана влада“, рече Заев.
Додаде дека и од страна на неговите денешни соговорници како и од други европски колеги добил уверување дека ги поддржуваат заложбите за „една нова, светла, перспективна иднина на Македонија“, за што особено искажа благодарност до Фајон со којашто заедно одговараа на новинарски прашања.
„Нашата цел е животот за граѓаните на Македонија да биде добар. На чекор сме до таа цел, останаа уште 37 дена до токму тој датум 11-ти декември“, заклучи Заев./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

