Европа
Грција направи ограничена реконструкција на владата
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во петок вечер изведе ограничена реконструкција на својата влада за да ги задоволи барањата на странските фактори и да го зголеми рејтингот дом, каде, според анкетите, му опаѓа поддршката по една година на власт.
Министер за финансии останува Еуклид Цакалотос, како главен преговарач во ЕУ и ММФ, а остануваат и министрите за надворешни Микос Коѕијас и за одбрана Панос Каменос.
Додека доверителите на Грција бараат да се забрза продажбата на државниот имот на приватни инвеститори, Ципрас во Владата го воведе поранешниот шеф на грчката агенција за приватизација, како секретар за земјоделство, Стергиос Пициорлас.
На мета на јавноста поради непопуларната реформа на пензискиот систем која ја изведе пролетта Јоргос Катругалос, премина од местото министер за труд на помошен министер за европски работи.
Неговото место го зазеде неговата блиска соработничка Ефи Ахциоглу, која ќе преговара со доверителите за реформи на пазарот на труд.
Од неколку нови лица во обновениот тим, левичарскиот економист Димитрис Пападимитриу е од министерството за економија наследник на Јоргос Статакис на кој му е доделено портфолиото за екологија и енергетика.
Многу критикуваниот поради приватизацијата министер Панајотис Скурлетис премина на местото министер за внатрешни работи.
Големи губитник во реконструкцијата е Никос Филис, еден од старите функционери на владејачката радикално левичарска Сириза, кој го изгуби местото на министер за образование и верски прашања откако се судри со влијателната православна црква.
Јанис Музалас, кој со месеци е на фронтот на првата линија на бегалскиот бран го подигна својот ранг и дојде на чело на Министерството за миграциска политика, со што од таа област се иззема критикуваното Министерство за внатрешни работи.
Десната рака на Ципрас, поранешниот државен министер Никос Папас доби ново Министерство за дигитална политика и медиуми, покрај тоа што грчкото правосудство минатите денови ја поништи реформата на аудиовизуелниот сектор за кој беше лично тој надлежен.
Медиумите шпекулираа за можно отворање кон социјалдемократски личности или подмладување на тимот, но изгледа преовлада потребата на Ципрас да одржи рамнотежа внатре во својата партија и баланс со својот коалициски партнер партијата на националистичката десница АНЕЛ.
Главната опозициска партија, контроверзната Нова демократија, веднаш ја исмеа реконструкцијата на владата, нарекувајќи ја „редизајн-рециклажа“.
На власт од октомври 2015 година, тимот во заминување ја изгуби популарноста затоа што мораше да спроведува политики на штедење, кои му ги наметнаа странските кредитори. СИРИЗА на неодамнешните анкети заостанува за 5 до 10 отсто зад Нова демократија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

