Европа
Курдите во Европа протестираат против Ердоган
Илјадници Курди протестираа во саботата во Франција, Германија и Грција против политиките на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по апсењето на пратеници и челници на Народната демократска партија (HDP), главана прокурдска партија и за да препредат на „молчењето“ на Европа.
Во француската престолнина Париз, околу две илјади демонстранти, според процените на полицијата, се собраа на Плоштадот на Републиката носејќи транспаренти со натписите „Запрете го Ердоган“, „Не ги чепкајте нашите пратеници“ и „Турција бомбардира, Европа молчи“, откако беа уапсени девет членови на турскиот парламент од Народната демократска партија (HDP), кои се обвинети за тероризам.
Турските власти во петокот го уапсија и копретседателите на HDP, Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаф и десетина пратеници, а девет службеници и новинари на еден од најголемите опозициски весници Cumhuriyet од саботата се во притвор.
Турската армија неодамна ги бомбардираше во Сирија позициите на сириската курдска милиција Единици за одбрана на народот (YPG) при што загинаа стотици лица. Неколку организации од француската крајна левица го поддржаа протестот. Меѓу говорниците една претставничка на здружението Франција – Курдистан ги повика Франција и Европската унија да го прекината „криминалното соучесништво“ со Ердоган. Таа, исто така, побара Работничката партија на Курдистан (PKK) да биде тргната од листата на ЕУ на терористички организации.,
Во западниот француски град Рен протестираа 800 лица на повик ја Курдскиот демократски совет. Во јужниот град Марсеј, пак, се собрале 300 Курди. Таму еден од говорниците истакнал дека состојбата е на „работ на геноцид“, и говорел за „теророт над курдскиот народ“.
Во Германија, во Келн, се собраа околу 6.500 демонстранти, наведува тамошната полиција, што е помалку од 10.000 до 15.000 колку што најавија организаторите на протестот. Во знак на солидарност, некои носеа портрети на уапсените функционери, особено на младиот копретседател на HDP, Салахатин Демiтраш.
Кон крајот на јули во Келн беше одржат собир за поддршка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на кој по неуспешниот пуч се собраа повеќе од 40.000 луѓе.
Тие апсења предизвикаа жестоки реакции во Европа, додека траат чистките насочени кон противниците на владата во Анкара поврзани со следбениците на движењето на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД, обвинети за неуспешниот обид за државен преврат од ноќта на 15-ти јули.
Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, во петокот изјави дека го повикал турскиот вршител на должност во Германија и ја предупредил Турција на опасноста од обидите да ја заузди опозицијата.
Во Германија живее најголемата труска заедница во светот и најголемата курдска заедница во Европа од околу милион луѓе, што предизвикува стравувања од тензии меѓу двете заедници на германска територија.
Претседателот на Турската заедница во Германија, Гокај Сафуоглу во разговорот за мрежата RedaktionsNetzwerk Deutschland (RND) изјави во саботата дека „Ердоган се обидува насила да ја влоши ситуацијата во Турција, што исто така ќе има последици и врз животот во Германија“. Притоа Сафуоглу повика на воздржаност.
Околу илјада Курди и нивни поддржувачи протестираа пред турската амбасада во грчката престолнина Атина во саботата извикувајќи „Ердоган фашист“, протестирајќи против притворањата на курдските активисти во Турција. Претставникот на курдската партија Демократски сојуз (PYD) во Грција, Ибрахем Муслем, изјави дека пасењата се „напад врз демократијата и човештвото ширум светот“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

