Македонија
Министерството за култура ги отфрла обвинувањата од СДСМ

Министерството за култура ги отфрла сите лаги и инсинуации изнесени во денешното соопштение СДСМ, дека преку археолошкиот град Стоби се перат пари.
„Министерството за култура на Република Македонија е институција која сериозно и посветено ги реализира активностите предвидени со годишните програми за работа, почитувајќи ги законите и сложените законски процедури во функција на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во реакцијата.
Кога од СДСМ говорат за заштита на културното наследство во Република Македонија,треба да се потсетат дека во времето кога имаа можност да ги креираат културните политики во земјава, не реализираа ниту еден единствен проект од областа на заштитата на културното наследство, додаваат од министерството./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Попладнево пороен дожд, грмежи и ветер, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), грмежи и засилен ветер.
Македонија
Не е сега момент за лидерска, тоа би било губење на време, рече Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и дел од коалицијата „Вреди“ се огласи за понудата од страна на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лидерска средба, но вели дека тоа би било само губење време.
„Заинтересирани сме да се решат проблемите што ги имаме како институции, работиме неуморно, па тоа би било губење време“, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој цени дека сега не е момент за лидерска, особено бидејќи институциите беспрекорно работат и за здравјето на луѓето и за третманот, но и за да се најдат виновниците на овој случај, но и на претходните слични случаи во изминатите пет години.
Филипче наскоро ќе упати и официјални покани за лидерска средба.
Македонија
Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во критична состојба.
Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека се’ уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба.
Одлична вест е тоа што денес ќе бидат пуштени дома пет пациенти од хоспитализираните 21 во Скопје. Во странство се лекуваат 89 пациенти, а двајца се враќаат денес од Литванија и Шведска. Како и со претходните пациенти кои се вратија од странство, и тие, првин ќе бидат прегледани на скопските клиники, задржани 24 часа, па пуштени дома.