Контакт

Македонија

СДСМ ги објави пратеничките листи за предвремените избори, за Заев тоа не било лесно

Објавено пред

Најголемата опозициска партија СДСМ во неделата вечерта во Скопје на својот 21-ви конгрес ги објави пратеничките листи, на коишто според претходните најави се најдоа и граѓански активисти и коалициските партнери, и за која партискиот челник Зоран Заев рече дека се „победнички“ бидејќи се застапени луѓе од сите сфери на општествениот живот и од сите региони на земјата.

dobivaj vesti na viber

На конгресот на СДСМ во скопскиот хотел „Александар Палас“, беа објавени пратенички листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Место на листите добиваат коалициските партнери на СДСМ, припадници на Шарената револуција и независни интелектуалци.

Во Изборната единица 1 носител ќе биде поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски а следат партиските функционери Рената Дескоска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. На оваа листа се и двајца граѓански активисти, Павле Богоевски од Шарената револуција на високото петотто место и Ивана Туфегџиќ на деветтото.

Во втората изборна единица носител е актуелниот дополниелен министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Потоа следуваат дополниелната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски и до неодамнешниот новинар Мухамед Зекири. На петтото место на оваа листа е предложен професорот по филозофија Ферид Мухиќ.

Во третата изборна единица, покрај носителот Љупчо Николовски кој е дополнителен заменик министер за земјоделство, се и Благој Бочварски и Јагода Шахпаска.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја предводи листата во Изборната единица 4, а следуваат неговите сопартијци Хари Локвенец и Катерина Кузмановска.

Во Изборната единица 5 носител на листата е потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а ја следат Александар Кирацоски и Томислав Тунтев, како и непартискиот кадар Ирена Стефковска.

Во Шестата изборна единица листата ја води портпаролот на партијата Петре Шилегов, на второто место е Ѓулумсер Касапи како непартиски кандидат, а следуваат Благојче Трпески и Даријан Сотировски.

Конгресот започна со задоцнување од два часа, а Заев побара од делегатите да дадат поддршка за листите и да покажат дека тој не е сам во оваа борба. На почетокот на својот говор пред делегатите на конгресот, рече дека воопшто не било лесно носењето на кандидатските листи.

„Сепак, донесовме одлука и во името на раководството на партијата и во името на граѓаните ја барам вашата поддршка за пратеничките листи на СДСМ и на граѓаните за заедно да излеземе на избори и да донесеме историска граѓанска победа. На листите има луѓе од разни региони, места, села, од разни професии, од разни етнички заедници, од секоја пора на општеството во кое живееме“, порача Заев.

„Еве ги кандидатските листи, еве ги победничките листи“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на поечтокот од својот говор пред делегатита на конгресот на СДСМ на кој во продолежние треба да идат изгласани листите за пратеници за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

„Не било лесно ова со кандидатските листи, но можам да ви кажам дека донесовме одлука и во името на раководството на партијата и во името на граѓаните ја барам вашата поддршка за пратеничките листи на СДСМ и на граѓаните за заедно да излеземе на избори и да донесеме историска граѓанска победа“, рече Заев.

„Ова е една соработка во која партијата ги отвора вратите и душата кон граѓаните. Отвораме место за сите, тука не има од различни региони, различни професии, различна етничка припадност. Ние имаме шанса да создадеме блескав парламент, кој ќе избере чесна влада. Дајте ја поддршката на кандидатските листи кои носат пораз на едноумието. Да испратиме порака дека Зоран Заев не е сам“, додаде челникот на СДСМ.
Моментално трае работниот дел на конгресот кој е затворен за јавноста, а новинарите повторно ќе бидат повикани во салата откако делегатите ќе донесат одлука. Носителите и кандидатите на листите вечерва ќе бидат познати официјално откако за тоа ќе се расправа на Конгресот на партијата./крај/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Објавено пред

Од

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека  по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија5 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија11 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија11 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија11 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија11 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија12 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија12 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија13 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија14 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија15 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија15 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет17 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет17 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет17 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет18 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет18 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет18 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет18 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...