Контакт

Естрада

Бред Пит го прифати разводот и бара заедничко старателство над децата

Објавено пред

По повеќе од еден месец откако холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поднесе барање за разведување на бракот, нејзиниот не помалку славен сопруг Бред Пит конечно ги потпиша документите, јавуваат американските медиуми во неделата.

dobivaj vesti na viber

Четириесет и едногодишната Анџелина Џоли поднесе барање за разведување на 19-ти септември, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за растурање на брачната заедница и побара исклучиво старателство над шесте деца на возраст од осум до 15 години. Меѓутоа, 52-годишниот Бред Пит бара поделба на старателството над децата.

Џоли и Пит, заедно познати како „Бранџелина“ се венчаа во 2014 година но заедно живееја од 2004 година. Беа една од најпознатите двојки во светот на забавата поради нивната физичка атрактивност, успешните филмови и активизмот.

Според пишувањето на списанието US Weekly, актерот конечно се премислил и се согласил да ги потпише документите за разводот. Иако Џоли му дозволува да ги посетува нивните шест деца „доколку им биде гарантирано здравјето и безбедноста“, Пит и натаму има намера да го подели старателството над Мадокс, Пакс, Захар, Шилох, Нокс и Вивиен, што во медиумите се толкува како најава за долга битка пред судовите./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Почина Халид Бешлиќ

Објавено пред

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.

Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.

Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Објавено пред

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.

Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.

„Што и да е во мене, тоа не разбира“

Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“

Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.

„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.

Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.

„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.

Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.

„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.

Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Најново

Европа28 минути

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90% до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион38 минути

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа1 час

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет1 час

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија15 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија16 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија16 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија17 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија18 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет18 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија22 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа23 часа

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет24 часа

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа1 ден

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија1 ден

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа1 ден

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет1 ден

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...

Свет2 дена

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија2 дена

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...