Контакт

Наука

Нова обдукција: Откриена вистината за Тутанкамон

Објавено пред

Над мумијата на египетскиот крал Тутанкамон била направена виртуелна обдукција со повеќе од 2000 компјутерски скенирања.

dobivaj vesti na viber

 

 

Разноразните митови околу смртта на Тутанкамон како резултат на убиство или за време на трка со воени кочии, паднале во вода по спроведената обдукција и генетската анализа. Она што било откриено е дека неговата семејна историја била причина за неговата прерана смрт, уште во доцниот тинејџерски период.

 

Тутанкамон не можел да учествува во никакви трки на воени кочии будејќи бил куц на едната нога, а покрај тоа се одликувал и со женски колкови и испакнати заби, што покажа најдеталната анализа на остатоците на овој познат египетски фараон, пренесува  Daily Mail.

 

Откриениот факт дека родителите му биле брат и сестра, научниците ги навел на заклучокот дека тоа врз него физички се одразило така што имал хормонална неурамнотеженост. Научниците сега веруваат дека можеби умрел од наследна болест, бидејќи само една фрактура на неговото тело била пред неговата смрт.

 

Деталните откритија беа прикажани во документарецот “Tutankhamun: The Truth Uncovered”, што во неделата вечер премиерно се емитуваше на BBC.

 

Вистината за родителите на Тутанкамон ја открил Алберт Зинк од Институтот за мумии и ледениот човек во Италија, проучувајќи ја ДНК-та на египетското кралско семејство. Тој открил дека Тутанкамон бил син на фараонот Акхенатен, познат и уште како кралот-еретик и неговата сестра. Инцестот не бил забранет во стар Египет, а Египќаните не биле свесни за здравствените последици за детето од таков однос.

 

Исто така, интересно е што во гробницата на Тутанкамон биле пронајдени дури 130 користени бастуни, што исто така одат во прилог на фактот дека Тутанкамон накривувал на едната нога. /крај/дн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување

Објавено пред

Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.

dobivaj vesti na viber

Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.

Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.

Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.

Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.

Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.

Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.

Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.

Прикажи повеќе...

Наука

Балканот ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа, ниту на Mакедонија не ѝ се пишува добро

Објавено пред

Иако научниците имаат алатки и методи за мерење на влијанието на климатските промени – како може тоа да се направи така што поединецот, во својот живот, има одредена вредност со која може да измери како, под влијание на климатските промени, неговиот живот е исто така се менува?

dobivaj vesti na viber

Не е лесно да се замисли што точно е „просечно глобално затоплување од 1,5 °C или 2 °C“ и како тоа ќе го промени нашето секојдневие, пишува Слободна Далмација.

На ова се обратија истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ)”; тие развија нов начин за мерење на влијанието на глобалното затоплување во реалниот живот и предвидување на долгорочните ефекти. Излегува дека и луѓето на Балканот ќе ја чувствуваат значајната промена.

Мерката на научниците од МИТ, создадена со помош на податоци од 50 различни климатски модели, е одредена од тоа колку ќе се зголеми или опадне бројот на „надворешни денови“ на различни дестинации низ светот до 2100 година, односно 24-часовни периоди кога температурите се доволно удобни за повеќето луѓе да се вклучат во активности на отворено, без разлика дали се за работа или за одмор. Ова се денови кога не е ниту премногу топло, ниту премногу студено, што научниците го сместуваат во температурен опсег од приближно помеѓу 10 °C и 25 °C, без екстремни временски појави.

Студијата на МИТ покажа дека тропските дестинации ќе доживеат најголеми промени во деновите на отворено. Најголемиот удар ќе го претрпи Доминиканската Република која до крајот на векот ќе губи дури 124 дена пријатно време годишно. Мексико, Индија, Тајланд и Египет ќе изгубат половина од тие денови.

Во Европа, на север ќе има повеќе денови со пријатно време бидејќи зимите ќе станат потопли, но на југ екстремните горештини во летните месеци ќе предизвикаат намалување на деновите на отворено.

Според податоците на МИТ, Балканот најверојатно ќе биде еден од најтешко погодените региони во Европа. Така Албанија ќе загуби 30 дена, Србија 26, Македонија 21, Бугарија 17, а Романија 12 дена. На југ, Грција би можела да изгуби 37 денови на отворено до 2100 година поради екстремните горештини помеѓу мај и јуни, според студијата на МИТ.

Промени ќе доживее и Пиринејскиот Полуостров: Португалија ќе има 33, а Шпанија 13 помалку денови на отворено.

Истражувачите велат дека разликата веќе се чувствува во Европа, при што луѓето избираат каде да патуваат врз основа на сè поекстремните жештини на претходно популарните дестинации.

Северна Европа ќе доживее попријатни денови, но причините за тоа не се добри вести. Франција, Германија и Австрија ќе добијат меѓу 18 и 52 дена пријатно време до 2100 година, главно поради потоплите зими, но ова би можело да биде фатален удар за и онака борбената скијачка индустрија во Европа. Поради недостигот на снег, се размислува за замена со вештачки снег, но многумина мислат дека тоа ни оддалеку не би помогнало да се одржи скијачката индустрија, за која „пријатни“ и целосно профитабилни „денови на отворено“ се само оние со многу реални снег.

Прикажи повеќе...

Наука

Еден Американец и двајца Руси со руско летало заминаа на МВС во вселената

Објавено пред

Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот Бајконур во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб.

dobivaj vesti na viber

О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, а Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.

Тројцата космонаути требаше да заминат во вселенската станица минатата пролет, но нивната првична капсула послужи како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – се враќа дома на Земјата кон крајот на овој месец.

Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.

Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ13 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија14 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион16 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија19 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија21 час

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија22 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија24 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија1 ден

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет1 ден

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа1 ден

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет1 ден

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија2 дена

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија2 дена

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија2 дена

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 дена

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија2 дена

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија2 дена

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 дена

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 дена

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...