Регион
На Ердоган не му е гајле што Европа го смета за диктатор, ја обвини ЕУ дека поддржува тероризам

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата ја обвинил Европа дека преку поддршката за Курдската работничка партија (ПКК) го поддржува и тероризмот, додавајќи дека „не му е гајле поради тоа што Европејците го нарекуваат диктатор“, пренесуваат турските медиуми.
„Европа, во целина, го поддржува тероризмот. Иако ја прогласија ПКК за терористичка организација, сега гледаме дека таа може слободно и комотно да делува во Европа“, рекол Ердоган во телевизиско обраќање до јавноста, додавајќи дека сето запленето оружје на ПДД стигнало од Западот.
„Не ми е гајле ако ме нарекуваат диктатор или нешто друго, тоа во едното уво влегува а од другото излегува. Важно е како ме нарекува мојот народ“, додал Ердоган. Турција во последниот период е изложена на критики од сите страни, пред се поради истрагите во борбата против тероризмот, притворањето на лидерите на прокурдската партија ХДП, која е втора најголема опозициска партија во земјата.
Властите во Анкара ја обвинуваат ХДП дека е поврзана со ПКК, нешто, пак, од страна на партијата се негира. Ердоган исто така додал дека турското судство е независнот и дека никој, дури ни тој самиот, нема овластување да се меша во судскиот процес./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин