Регион
Столтенберг: Русија нема да успее да го дестабилизира Балканот
Русија нема да успее да го дестабилизира Балканот, изјавил во интервју за Радио Слободна Европа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесуваат светските агенции.
Коментирајќи ја воената вежба „Словенско братство 2016“, во која во Србија учествуваат силите на Русија и Белорусија, Столтенберг изјавил дека не гледа стратешка важност на овие вежби, но дека тие секако се еден обид на Русија да испрати јасен сигнал до НАТО дека има стратешки интерес во регионот, особено по одлуката на Алијансата да ја прими Црна Гора.
„Но од целокупната перспектива, имајќи го предвид бројот на учесници во вежбата, таа е доста ограничена, а освен тоа, колку што знам Србија протера неколку Руси од Србија непосредно пред организирањето на оваа вежба. Јас мислам дека на крајот на денот Србија добро знае дека нејзината иднина е во европските институции, првенствено во Европската унија, но исто така долгорочно гледано и на членството во НАТО“, рекол Столтенберг.
На прашањето дали мисли дека Русија ќе се обиде да го дестабилизира западен Балкан, особено сега кога Црна Гора ќе стане дел од Алијансата, Расмусен рекол дека тоа секако е случај, но дека таа нема да успее.
„Секако дека ќе се обиде, но мислам дека нема да успее, особено поради тоа што одговорните сили во Србија добро знаат дека земјата пред се мора да го обезбедни членството во НАТО и исто така сметам дека во долгорочна перспектива таа ќе стане членка на Алијансата“, порачал Столтенберг./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.