Политика
Собранието под лупа: Извештај од набљудување на медиумското известување за работата на Парламентот
Медиумите најчесто објавуваа информации во кои пратеници коментираат други случувања коишто не се директно поврзани со Собранието, а на второ место се информациите во кои Собранието само се спомнува, но содржината не се однесува на неговата работа, туку на политичката криза и односите меѓу најголемите партии, стои во извештајот од набљудувањето на медиумското известување за работата на Собранието, изработен од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.
Од парламентарните дискусии медиумите, најчесто, информираа од седниците на кои се дискутираа ребалансот на Буџетот за 2016-та и задолжувањето преку еврообврзницата, за аболицијата и иницијативата за импичмент на претседателот Иванов, како и за изборните реформи како прочистувањето на избирачкиот список и менување на изборниот законик, како резултат на неодржување на изборите на 24-ти април и на 5-ти јуни.
„Најчесто консултирани извори во објавените информации се пратениците, но нивната застапеност е на најниско ниво споредено со претходните набљудувани периоди. На второ место според застапеноста се политичките партии, а потоа владините министри. Во поголем дел од информациите во кои како извори се наведени пратеници се застапени пратеници од една политичка опција, а во помал дел се застапени истовремено пратеници и од власта и од опозицијата“, се вели во извештајот.
Утрински весник објави, севкупно, најмногу информации (25 отсто) во кои се спомнуваат Собранието и пратениците или се однесуваат на работата на парламентот. На второ место во овој период е Дневник (19 проценти), а трет е Коха (18 отсто).
Најголем процент од информациите објавени на МТВ 2 (58 отсто) и на Телма (54 проценти) се фокусираа на дебатите на седниците. Дневник (62 отсто), Сител (42 проценти) и Вечер (39 отсто) најчесто објавуваа информации во кои пратеници коментираа други случувања кои директно не се поврзани со Собранието. Алсат-М (42 отсто), Слободен печат (44 проценти), Коха (41 проценти) и Утрински весник (35 отсто) најчесто го спомнуваа Собранието во контекст на други политички случувања во државата, стои во извештајот на „Социетас Цивилис“.
Телевизијата „Телма“ најчесто објавуваше информации во кои истовремено се застапени пратеници од двете политички опции (91 отсто). Пратеници од двете политички опции во парламентот се застапени и во поголем дел од информациите објавени и од телевизијата „Алсат-М“ (67 проценти) и од „МТВ2“ (58 отсто) . Во 75 проценти од информациите објавени во весникот „Слободен печат“ извори се пратеници само од опозицијата, а во весникот „Вечер“ во 71 процент извори се само пратеници од мнозинството, се потенцира во извештајот.
Зголемен е процентот на информации во кои е наведен само еден извор и информациите без извори, споредено со претходниот набљудуван период. За сметка на тоа опаднати се информациите во кои се наведени два, три и повеќе од три извори.
Објавените информации кои се однесуваат на Собранието најчесто се структурирани како информативни извештаи (61 отсто) или кратки вести со основни информации за настаните (14 проценти). Вкупно 13 отсто отпаѓаат на статии кои покрај информативните содржат и аналитички елементи. По шест проценти од информациите за Собранието се структурирани како анализи или коментари.
Проектот „Собранието под лупа“ е финансиран од Швајцарската агенција за поддршка и развој. Вклучува 28 месечно набљудување на квалитетот на собраниската дебата и набљудување на тоа како медиумите известуваат за работата на Собранието.
Набљудувањето на собраниската дебата и на медиумското известување започна во септември 2015-та и ќе трае до декември 2017-та и ќе вклучува анализа и известување на добиените сознанија од мониторингот на секои три месеци.
Во проектниот период ќе се изработат 9 квартални извештаи за квалитетот на дебатата во парламентот и 9 квартални извештаи за медиумското известување за работата на пратениците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.