Македонија
Намалените тиражи се последица на слугинскиот однос на газдите кон власта
Актуелната лоша економска состојба во „Медиа принт Македонија“, компанија којашто е една од сопствениците на дневните весниците Вест, Дневник и Утрински весник и намалените тиражи, се последици на слугинскиот однос на сопствениците кон власта.
„Пуштете ги новинарите да произведуваат новинарство, ќе пораснат тиражите и ќе се поправи финансиски куќата“, порача претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис која учествува во преговорите меѓу синдикатот и менаџментот на компанијата која ги издава порано најтиражните дневни весници. Сега тиражот на овие весници е намален, компанијата е во загуба, а на вработените во Утрински весник им е поставен ултиматум, да се отпуштат 10 вработени или да се затвори весникот.
„Таквиот слугински однос продуцира лоши деловни одлуки, меѓу другото и поставување на „пожелни“ главни уредници, мешање во уредувачката политика и на крај производ – весник, кој не е интересен за публиката. Ете затоа паѓаат тиражите. Затоа што сопствениците, за да бидат ценети кај властите, се дрзнуваат да запираат затворен весник во печатница и да менуваат насловни страници или пак да менуваат цели уредувачки тимови. Финансиската состојба не е резултат на работењето на новинарите. А тие го плаќаат и треба да го плаќаат туѓиот менаџерски неуспех и поради тоа ние јавно протестираме“, рече Чаусидис.
На прес – конференцијата на Синдикатот и Здружението на новинари беа дојдени речиси сите новинари што работат во „Утрински весник“ и новинари од други редакции кои ги поддржаа своите колеги. Долгогодишниот новинар во Утрински весник, Љубиша Станковиќ го пренесен ставот на сите вработени во овој весник и на менаџментот му порача „ниту еден вработен не смее да биде отпуштен од работа и весникот мора да продолжи да функционира. Како? Нека си мислат менаџерите, не е наша работа“.
Проблемите во „Утрински весник“ започнале во 2011 година кога се случија првите отпуштања на новинари и од тогаш па се до денес новинарите се под постојан притисок, а денешниот ден може да биде фатален за новинарите од „Утрински весник“. Засега ни тие не знаат дали весникот ќе излезе утре.
Претставници на синдикатот минатата недела биле на средба со еден од сопствениците на МПМ, Срѓан Керим, а на состанокот им било кажано дека компанијата планира отворање на друг проект „turn around“.
Им било објаснето дека тоа значи засилување на дистрибутивната мрежа, на маркетингот, работење на печатницата, а Керим им ветил дека нема да има ниту едно отпуштање. Една недела подоцна им било соопштено дека компанијата работи со загуба од 1.800.000 евра и ниедна работна единица не работела профитабилно, а требало да се отпуштат десет луѓе. „Верувајте дека вработените и новинарите нема да се согласат со згаснување на весникот. Во која форма ќе продолжиме не знам, но нема да дозволиме“, рече Станковиќ.
Засега нема изгледи дека сопствениците планираат да ја променат уредувачката политика на „Утрински весник“ како што беше случајот со „Вест“ и да бидат донесени други новинари, раководството планира да го затвори цел весник, а слична е состојбата и во другите дневни весници. Сметката на МПМ е блокирана, вработените се пријавени на новата компанија „Телеграф ДОО“.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја пренесе изјавата на основачот на „Њујорк тајмс“, Хенри Рејмондс кој на своите новинари при основањето на весникот им рекол дека весникот не смее да биде изборен памфлет, односно алат на одредена партија.
„Тоа што на Рејмонд му било јасно во 1857 година, на Срѓан Керим и на Орце Камчев не им е јасно во 2016 година. „Медиумите во Македонија се инструмент за политичка манипулација, инструмент за заштита на политичките интереси“, изјави Селмани кој си замина од весникот „Вест“ откако таму беше сменета уредувачката политика. „Ми беше речено или да си одам или ќе прифатам друг во мое име да се потпишува под текстовите и тогаш сфатив дека МПМ се движи во погрешен правец“, изјави Селмани.
Сега кога ќе згаснат владините реклами кои се главен финансиер на дел од медиумите, се наметнува прашањето дали голем дел новинари ќе останат без работа или медиумскиот пазар ќе се отвори за професионалците.
Селмани смета дека отпуштањето на новинари поради секнувањето на владини реклами е спин на владејачката партија, а Чаусидис смета дека во Македонија нема медиумски пазар, дека ова е илузија на медиумски пазар и допрва ни претстои создавање на ваков пазар.
„Допрва треба да профункционира пазарот, па да видиме како ќе се справуваме.
Според нејзе решението за да опстанат медиумите е едноставно и дека треба да се остават новинарите да си ја работат својата работа без политички притисоци и цензура.
„Пуштете ги новинарите да произведуваат новинарство, ќе пораснат тиражите и ќе се поправи финансиски куќата. Нема друго решение бидејќи кога зборуваме ние не зборуваме за бодови плати зборуваме за демократски вредности, новинарите не произведуваат простор за реклами, новинарите произведуваат демократски вредности, тоа е нивниот производ и нивните вистински газди се јавноста, газдите само го менаџираат тој продукт. Ако тргнете во бизнис да го уништувате новинарството, нормално дека нема да имате резултат“, порача Чаусидис.
Еден од најбогатите македонски бизнисмени како еден од сопствениците на МПМ за разлика од другите негови бизнис потфрли во водењето на медиумскиот бизнис, констатира Чаусидис./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

