Црна хроника
Албански државјанин и кичевец силувале душевно болна девојка

Албански државјанин на возраст од 30 години кој престојувал во Охрид и педесет и едногодишен кичевец силувале деветнаесетгодишна девојка која била душевно растроена.
Девојката била од Охрид и била душевно болно лице на 19 мај била пријавена за исчезната. Двајцата ја држеле во куќата на кичевецот во овој град на 19 и 20 мај каде ја силувале.
На 20-ти мај во 22.40 часот полициски службеници на булеварот „Железничка“ во Охрид, сопреле автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата пријавени и оштетената.
Мерките на СВР Охрид за пронаоѓање на Т.Н. која беше пријавена како исчезната, се водеа во координација и насоки на Јавното обвинителство во Охрид и ПС Кичево, по што, врз оштетената извршен бил медицински преглед, а извршен бил и преглед и претрес во возилото, а потоа и во домовите на пријавените и преземени се и други оперативни мерки и активности за целосна реализација на настанот.
При претресите извршени по наредба на Основниот суд во Кичево, во домот на пријавениот К.К. пронајдени биле предмети кои се од значење за понатамошната кривична постапка. Истите, со соодветна потврда се привремено одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Против нив е поднесена кривична пријава за обљуба врз немоќно лице./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.