Контакт

Скопје

Отворена новата катна гаража „Тодор Александров“ во центарот на Скопје

Објавено пред

Новата катна гаража „Тодор Александров“, што изминатиов период се градеше на улицата Даме Груев, во центарот на Скопје, во вторник свечено беше отворена.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Како дел од заложбите за решавање на проблемот со паркирањето во центарот, Градот Скопје изгради модерна катна гаража која обезбедува јавен паркинг за 604 лесни возила, вклучувајќи и паркинг-места за лица со посебни потреби и 120 велосипеди“, рече на отворањето скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

 

Објектот е висок 23 метри, има бруто развиена површина од 29.183 квадратни метри, како и приземје, седум ката над земја и две нивоа под земја. На приземјето и на првиот кат се предвидени само деловни простории, а другите катови се исклучиво наменети за паркирање.

 

Влезот во катната гаража за лесните моторни возила е од североисточната страна на објектот, преку подземната улица која води до првото подземно ниво на гаражата. Излезот од гаражата е од првото подземно ниво преку подземната улица, на југоисточната страна на објектот, директно на улицата Даме Груев. Движењето на возилата по катови се одвива преку спирална рампа. На секој кат е изведена остава и тоалети за посетителите, вклучувајќи и тоалет за лицата со посебни потреби.

 

Паркингот за велосипеди е сместен во клунот на објектот, а до него се пристапува директно преку посебен лифт, како и преку 3-те патнички лифтови што се наменети за посетителите.

 

Трајановски додаде дека катната гаража „Тодор Александров“ е опремена со најсовремени и најквалитетни системи за откривање и јавување на слободни паркинг-места; систем за наплата на паркирањето; видео-надзор со 87 камери и контролна соба; систем за противпожарна заштита; систем за откривање и јавување на СО2 и гас; систем за заштита од атмосферски празнења, како и систем за климатизација и вентилација.

 

„Фасадата на објектот е покриена со ламинирано сигурносно стакло. Просторот околу гаражата е партерно уреден. Проектот за катната гаража на улицата Даме Груев е на Градежниот институт „Македонија“ АД Скопје. Катната гаража ја изградија градежниците на „Бетон“ АД Скопје, а Градот Скопје за овој значаен зафат издвои околу 780 милиони денари. Со новата катна гаража „Тодор Александров“ ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а паркирањето ќе чини 30 денари за час“, нагласи денеска градоначалникот Трајановски.

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, упати честитка до граѓаните по повод 8.Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

 

„Овој ден е потврда на нашата волја за независна држава. Што ние ќе оставиме за следната генерација зависи само од нас. Нашите дела преточени во проширени булевари, изградени водоводни мрежи, катни гаражи, училишта, болници и театри се наши честитки до граѓаните. Ми претставува особено задоволство што денеска ја отвораме катната гаража „Тодор Александров“, најголемата катна гаража во Скопје. Верувам дека таа ќе ги реши долгогодишните проблеми со паркирањето во центарот на градот и дека ќе ја користат и околните жители и посетителите на Скопје“, истакна премиерот Груевски. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Објавено пред

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје

Објавено пред

Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Центар и Зелениково денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.

dobivaj vesti na viber

Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет7 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет14 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет14 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет14 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет15 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет15 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...